Denkova, Jovanka (2022) Глуварчето и неговиот лет низ превезот на спомените. Списание за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ (8-9). pp. 270-277.
Text
Zenit 2022.pdf Download (569kB) |
Abstract
Книгата „Ловец на глуварчиња“ од Весна Алексиќ , за првпат е објавена 2014 година од страна на Креативен центар, Србија, а во Р.Македонија е објавена 2019 година од Либи-дел од Арс Ламина публикации.
Романот „Ловец на глуварчиња“ бил инспириран од запознавањето на Весна Алексиќ со момче кое живее во згрижувачко семејство. Во овој роман, авторот во прво лице од агол на Маша ни раскажува за две деца од нецелосни семејства и нивниот копнеж по исчезнатите родители.
Во романот можат да се идентификуваат две тематски јадра околу кои се движи главното дејство. Во епицентарот на првото јадро се наоѓа Маша, чиј лик ѝ послужил на авторката да проговори за многу сложени теми, како што е смртта на родител и импликациите врз животот на детето кои произлегуваат од таа ненадоместлива загуба, животот со самохран родител, во случајов –мајка, како и правото на слободен избор и неприфаќање на некои од традицијата наметнати стереотипи. Второто јадро во чие средште е ликот на детето Јанко, се чини дека е само повод на авторката да проговори за дисфункционалните семејства, за деца кои се дадени на посвојување, за инклузијата, за врсничкото насилство, за односот на средината кон децата кои се поинакви, итн. Воопшто, Весна Алексиќ, како и многупати досега, благодарение на своето животно и професионално искуство, а пред сѐ - дарбата на творец, проговорува за многу комплексни теми, за кои, писателите за деца и млади ретко се решаваат да зборуваат. За среќа, модерните текови во литературата за деца налагаат да се опфаќаат сите аспекти од детското живеење.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 26 Dec 2022 12:40 |
Last Modified: | 26 Dec 2022 12:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30743 |
Actions (login required)
View Item |