Petkovska, Sofija (2020) Теоретска и експериментална студија за примена на електрохемиски регенеративни електродни механизми во аналитиката на лекови во услови на циклична скалеста волтаметрија. Doctoral thesis, Faculty of medical sciences.
Text
1-1 ДОКТОРСКИ ТРУД - Софија Петковска-за рецензија-15 okt 2022.pdf Download (3MB) |
Abstract
Цикличната волтаметрија е една од најпознатите електрохемиски техники што
се употребува како за квантитативно определување и студирање на
механизмите на електрохемиска трансформација на голем број лекови и
физиолошки активни супстанци, така и за определување на релевантни
кинетички и термодинамички параметри што се во непосредна корелација со
електрохемиската активност на испитуваните лекови. Примената на
цикличната волтаметрија во квантитативната анализа на т.н. „редокс лекови“
се базира на пропорционалноста помеѓу Фарадеевата струја и концентрацијата
на дефиниран редокс лек. Во услови кога даден редокс активен лек стапува во
хемиска интеракција со друг лек, цикличната волтаметрија дава можност за
определување на релевантни физички параметри што се поврзани со
кинетиката и термодинамиката на интеракциите помеѓу тие два лекови. Кога
два лекови стапуваат во интеракции при кои доаѓа до регенерација на
почетната редокс форма на електрохемиски активниот лек, тогаш таквиот тип
на механизам се класифицира како „електрохемиски регенеративн механизам„,
а често и како „електрохемиски каталитички механизам“. Во рамките на
докторската работа се разработени четири теоретски електрохемиски
регенеративни механизми во услови на циклична скалеста волтаметрија.
Притоа, за сите електродни механизми се претставени едноставни методи за
мерење на кинетиката на интеракции помеѓу дефинирани лекови, како и
методи за мерење на кинетиката и термодинамиката (константата на
стабилност) на лекови кај кои постои хемиска рамнотежа уште пред апликација
на електроден потенцијал. Дел од методите и резлутатите од теоретските
модели за соодветните електрохемиски регенеративни механизми се
потврдени со експерименти во кои редокс активни супстанци 2,6-dihydroxy-
benzoquinone, Рибофалвин и K4[Fe(CN)6] стапуваат во интеракции од
регенеративна природа со други лекови. Притоа, за системите каде постојат
таков тип на интеракции помеѓу 2,6-dihydroxy-benzoquinone, рибофлавин и
K4[Fe(CN)6] и студираните лекови и суплементи, пресметани се соодветните
вредности на константите на брзина на хемиски интеракции.
Клучни зборови: регенеративен електрохемиски механизам; интеракции на
лекови; циклична волтаметрија; константа на брзина на хемиски интеракции
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Natural sciences > Biological sciences Natural sciences > Chemical sciences Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sofija Petkovska |
Date Deposited: | 21 Dec 2022 12:01 |
Last Modified: | 21 Dec 2022 12:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30739 |
Actions (login required)
View Item |