Идентификација на полифеноли во вина од сортата Вранец со примена на UPLC-ESI-IT-MS

Piperevski, Aleksandar and Ivanova, Violeta and Sándor, Viktor and Kilár, Ferenc and Milanov, Dejan (2022) Идентификација на полифеноли во вина од сортата Вранец со примена на UPLC-ESI-IT-MS. In: III Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 11 Nov 2022, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Aleksandar Piperevski-Prezentacija.pdf] Text
Aleksandar Piperevski-Prezentacija.pdf

Download (764kB)
[thumbnail of Aleksandar Piperevski et al.Book of abstracts.pdf] Text
Aleksandar Piperevski et al.Book of abstracts.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Kniga na apstrakti_finalna.pdf] Text
Kniga na apstrakti_finalna.pdf

Download (833kB)

Abstract

Во оваа истражување е проучуван полифенолниот профил на црвено вино од сортата Вранец (Vitis Vinifer L.) (берба 2021 година), произведено во винарската визба Имако, Штип, Република С. Македонија, со примена на UPLC-ESI-IT-MS техника со наизменичен поларитет на јонизација. Идентификацијата на соединенијата беше извршена со споредба на масените спектри на соединенијата од интерес со спектри објавени во литература. Вкупно беа идентификувани 50 полифеноли, поделени во следните групи: фенолни киселини и деривати, стилбени, флавоноли, дихидрофлавоноли, флаван-3-оли и антоцијани. Галната киселина беше идентификувана преку детекција на два депротонирани јони во негативен јонски режим, со m/z 169 и 153, формирајќи фрагменти на m/z 125 и 109, соодветно, како резултат на губење на CO2 од карбоксилната група. Од групата на антоцијани, беше потврдено присуството на глукозидни, ацетилглукозидни и p-кумароилглукозидни дертивати на делфинидин, цијанидин, петунидин, пејонидин и малвидин. Сите тие имаат сличнана фрагментација која содржи два сигнали, оригиналниот М+ молекуларен јон и фрагментите [M-162]+, [M-204]+ и [M-308]+ кои се резултат на елиминација на глукоза, ацетилглукоза и р-кумароилглукоза, соодветно. Мономерните флаван-3-оли, (+)-катехин и (-)-епикатехин беа детектирани на m/z 289. (-)-Eпикатехин-3-О-галат е детектиран во негативен јонски режим, кој создава фрагменти на m/z 289 и 169 што одговараат на загуба на 152Dа. Флаван-3-олните димери со молекуларен јон m/z 577 се идентификувани како процијанидини Б1, Б2, Б3 и Б4.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Ivanova Petropulos
Date Deposited: 15 Dec 2022 10:04
Last Modified: 15 Dec 2022 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30679

Actions (login required)

View Item View Item