Petrovski, Mihajlo (2022) Влијанието на хематолошките заболувања на оралната лигавица. In: 11ти научен симпозиум со меѓународно учество „Промени во усната празнина и лицевата регија епидемиолошка состојба превенција дијагностика и третман“, Stip, Macedonia.
Text
Единаесетти симпозиум - брошура 26.9.pdf Download (949kB) |
|
Text
СИМПОЗИУМ ШТИП.pdf Download (7MB) |
Abstract
Заболувањата на хематопоетскиот систем даваат бројни знаци и симптоми во усната празнина. Најзначајно за успешноста за соодветен дентален менаџмент на овие
медицински компромитираните пациенти е соодветно дијагностицирање на
состојбите и откривање на нивната поврзаност со оралните знаци и симптоми.
Вобичаено симптомите кои се присутни се последица на квалитативни или
квантитативни нарушувања на еритроцитите, леукоцитите и тромбоцитите Во усната
празнина оралните промени најчесто се локализирени на јазикот и гингивата, иако не
постојат делови од оралната лигавица кои се „ на овие промени
Хематолошките заболувања може да предизикаат широк дијапазон на промени и тоа
можни се лезии во вид на петехии и екхимози додека напреднатите форми на овие
заболувања може да дадат и ексцесивно крварење Улогата на стоматологот при
постоење на овие заболувања се состои пред се во откривањето на овие заболувања
(понекогаш стоматологот е првиот кои ги забележува овие промени), во
спроведувањето на локална терапија (отстранување на локални иритетивни фактори,
употреба на антисептични средства и средства за побрза епителизација и во
следење на самиот пациент Акутните форми на леукемија и на
тромбоцитопеничните пурпури се состојби кај кои што е контраиндицирано
изведување на било какви стоматолошки интервенции Кај преостанатите пациенти
сите стоматолошки интервенции се изведуваат по добивање на согласност од
специјалист хематолог Токму поради тоа дијагностицирањето на заболувањата,
познавањето на клиничката манифестација, како и донесувањето на соодветниот
план за третман во стоматолошката ординација на овие високоризични пациенти е
неопходно, со цел избегнување на несакан исход од интервенцијата
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
Date Deposited: | 05 Dec 2022 12:56 |
Last Modified: | 05 Dec 2022 12:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30618 |
Actions (login required)
View Item |