“Проценка на хроничните периапикални лезии при конзервативен и оперативен третман (клиничка, рентгенолошка, микробиолошка, патхистолошка и имунохемиска студија) - Национален проект (2000 – 2003). 40228500/. II

Stevanovic, Miroslava and Popovska, Lidija and Dimova, Cena (2003) “Проценка на хроничните периапикални лезии при конзервативен и оперативен третман (клиничка, рентгенолошка, микробиолошка, патхистолошка и имунохемиска студија) - Национален проект (2000 – 2003). 40228500/. II. [Project] (Unpublished)

[thumbnail of proekt lidija.pdf]
Preview
Text
proekt lidija.pdf

Download (321kB) | Preview

Abstract

Хроничните периапикални лезии како продуктивни воспаленија кои се карактеризираат со акумулација на инфламаторни клетки типични за хронично воспаление, придружени и со деструкција на алвеоларната коска. Клиничката манифестација на ваквата лезија може да биде различна, од асимптомна, до состојба со бурна клиничка слика, често од типот на егзацербација.Со проектот се планира да бидат опфатени пациенти со верифицирано постоење на хронична периапикална лезија на забите, на возраст од 20 до 45 години. Работата ќе се одвива во две паралелни фази.Едната фаза ќе биде проспективна студија, која ќе ги компарира резултатите од извршените ендодонски терапии или оперативните интервенции, клинички и рендгенолошки и тоа во период од една година кај 100 пациенти со оваа дијагноза.Во втората фаза ќе бидат испитани 80 хронични периапикални лезии, добиени по оперативен пат. Материјалот ќе биде земен од пациенти поделени во 4 групи:
1 група. 25 случаи со инфицирани коренски канали, каде дотогаш не била изведена ендодонтска терапија, а постои комуникација со оралната празнина.
2 група. 25 случаи кои претходно, пред најмалку две години биле ендодонтски третирани, но е евидентно дека ендодонтската терапија била неуспешна.
3 група. Ќе се состои од 15 случаи, каде постои хронична периапикална лезија и покрај ендодонтската процедура на која забот бил подвргнат пред најмалку две години, а според сите рендгенолошки критериуми се смета за успешно и каде би се очекувало да постои интактен периодонциум.
4 група. Кај 15 случаи, под строго контролирани асептички услови, ќе биде изведена био-механичка обработка и дефинитивна оптурација на коренските канали. Во оваа група ќе бидат вклучени големи периапикални лезии (>5 мм), а апикотомијата ќе биде изведена во период од 2 до 3 месеци по дефинитивната оптурација.
Кај испитаниците од сите групи ќе биде регистриран клиничкиот и рендгенолошкиот наод. Материјалот земен при хируршката интервенција ќе биде подложен на : микробиолошко испитување, хистопатолошка анализа и квантитативно одредување на интерлеукин 1-бета.
Микробиолошко испитување. Ќе се состои во квалитативна и полуквантитативна анализа на анаеробните и аеробните бактерии присутни во хроничната периапикална лезија.
Хистопатолошко дефинирање на периапикалната хронична лезија. Пресеците ќе бидат анализирани на светлосен микроскоп, и тоа на обични и полутенки пресеци (О, 5 μм). Квантитативно одредување на интерлеукин 1-бета со помош на ЕЛИСА методот.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 11 Dec 2012 08:59
Last Modified: 30 Sep 2013 11:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3061

Actions (login required)

View Item View Item