Kamceva - Panova, Lidija (2022) Педагогија - скрипта. ISBN 978-608-244-923-4.
Text
Pedagogija - naslovn.pdf Download (243kB) |
|
Text
Педагогија-содржина.pdf Download (209kB) |
Abstract
Скриптата „Педагогија“ е наменета за студентите од Филолошки факултет – наставна насока, како идни наставници по јазик и книжевност. Во целост одговара на наставната програма по предметот Педагогија.
Целта на овој труд е да се систематизираат сознанијата за педагогијата како наука, нејзините дисциплини и нејзиниот однос со другите науки. Во овој ракопис се обидов да ја доловам педагогијата како наука за воспитанието, нејзиниот предмет, задачи, законитости и принципи, почнувајќи од нејзиниот историски развој, достигнувањата на педагозите и нивните педагошки мисли, нивните поуки и искуства кои треба да нè потсетуваат на нашиот долг кон идните генерации.
Покрај ова, оваа скрипта содржи избрани и обработени содржини кои треба да ги воведат студентите во значењето на педагогијата како наука за воспитанието, да се воведат во целите и задачите на воспитанието, како и со други теми кои се значајни за нивната педагошка работа. Ќе се запознаат со историскиот развој на воспитанието, почнувајќи од првобитното општество, па сè до ден денес.
Со овој материјал, студентите систематски ќе се запознаат со воспитно – образовниот систем во РСМ, ќе се запознаат со неговата структура, цел и задачи. Систематски ќе се воведат во основните документи кои се темел на работата на едно училиште како институција и со чија помош се остварува целокупната воспитно – образовна задача на училиштето. Како идни наставници и педагози, од особено значење во овој ракопис е и местото на наставниците во воспитно – образовниот процес, нивните работни обврски, како и условите, активностите и задачите кои се поставуваат пред нив за нивно професионално и кариерно унапредување.
Од авторот
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lidija Kamceva Panova |
Date Deposited: | 01 Dec 2022 12:16 |
Last Modified: | 01 Dec 2022 12:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30564 |
Actions (login required)
View Item |