Надомест на штета причинета поради медицинска грешка во домашната судска практика и во компаративните правни системи

Ampovska, Marija (2022) Надомест на штета причинета поради медицинска грешка во домашната судска практика и во компаративните правни системи. Proceedings of the Ninth International Scientific Conference "Social Changes in the Global World", 9. pp. 17-35. ISSN 978-608-244-905-0

[thumbnail of објавен труд.pdf] Text
објавен труд.pdf - Published Version

Download (631kB)

Abstract

Во овој труд фокусот ќе биде ставен на надоместот на штета причинета со
медицинска грешка во домашната судска практика, преку анализа на правосилни
судски пресуди донесени во периодот од 2011-2021 година. Предмет на анализа се
пред сѐ основот на одговорноста во анализираните случаи, видот на штетата што судот
ја досудува и износот на штетата досудена за оштетениот или членовите на неговото
блиско семејство. Целта на овој труд е да се види правната положба на оштетените и
на членовите на нивното блиско семејство низ една компаративна призма, што ќе биде
постигнато преку приказ на наведените прашања во компаративната правна литература
за надомест на штета причинета со медицинска грешка. Во современите правни системи,
дури и во некои од најразвиените држави во светот, граѓанско-правната одговорност за
штетата претрпена поради медицинска грешка, се карактеризира со правна несигурност
за оштетените и за давателите на здравствените услуги. Истражувањето на судската
практика се очекува да ги покаже аспектите на правната несигурност и проблемите кои
се присутни при примената на македонското отштетно право во здравствениот сектор,
поточно при надомест на штета што пациентот или негови блиски лица ја претрпеле при
користење на здравствени услуги. Од друга страна, компаративнитеприкази ќе имаат
за задача да ги претстават механизмите кои се развиени во одредени правни системи со
цел да се надминат слабостите присутни при примената на отштетното право и општиот
режим на граѓанско-правна одговорност во рамките на здравствениот сектор.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 24 Nov 2022 10:04
Last Modified: 24 Nov 2022 10:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30541

Actions (login required)

View Item View Item