Влијанието на онлајн наставата врз средниот успех на одделението во основното училиште

Kamceva Panova, Lidija and Pilatova, Slavica and Mitev, Zoran (2021) Влијанието на онлајн наставата врз средниот успех на одделението во основното училиште. International Journal Knowledge, 45 (2). pp. 329-532. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Vlijanieto na onlajn nastavata.pdf] Text
Vlijanieto na onlajn nastavata.pdf - Accepted Version

Download (639kB)
[thumbnail of Naslovna.pdf] Text
Naslovna.pdf

Download (565kB)

Abstract

Образованието од далечина не е новина. Настанува уште од времето на дописните училишта, кои се базираат на материјали и книги кои се праќале преку пошта , а денес се спроведува по пат на современа технологија (праќање електронска пошта, доставување на ЦД – а , онлајн комуникација итн.). Ова значи дека, образованието, односно учењето од далечина, постои повеќе од 100 години, но со појавата на Интернетот добива нова димензија, па поради ова многумина го сметаа, од тогаш, како феномен. Учење на далечина, исто така, наречено образование од далечина, е - учење и учење преку Интернет, е форма на образование во која главните елементи вклучуваат физичко одвојување на наставниците и учениците за време на наставата и употреба на разни технологии за олеснување на комуникацијата ученик - наставник и ученик - ученик. Ковид-19 донесе нова реалност на светско ниво. Во обидот да се справат со т.н. „невидлив непријател“, пристапот на државите е различен, но во наглиот, општ удар врз економијата, образованието е еден од најпогодените сектори. За да го спречат ширењето на пандемијата, повеќето влади низ целиот свет привремено ги затворија образовните институции на сите нивоа. Преминот од кабинетска настава во електронска настава не е воопшто едноставен зафат, поради тоа што освен соодветна техничка инфраструктура и одредено ниво на познавање дигитални вештини, спроведувањето на процесот на учење бара и огромна поддршка од семејството. Ваквата ситуација создаде исклучителен стрес не само за наставниците, кои се втурнати во нова неочекувана задача, туку и за учениците бидејќи мораа да ги заменат дневните училишни активности и начинот на дружење со наставни задачи добиени по електронски пат. Законите во Република Северна Македонија, кои го разработуваат образованието, не предвидува настава на далечина, односно не ја препознава како валиден модел на учење. Пандемијата со Ковид-19 денесе нова реалност, па оваа правна празнина се адресираше со уредби со законска сила што во време на вонредна состојба ги донесе Владата на Република Северна Македонија. Покрај промената во начинот на одржување на наставата, адаптирањето на наставните содржини, воспитно – образовните активности, неминовно се наложи и адаптирање на оценувањето на учениците. Тоа адаптирање и пронаоѓање на соодветен начин за проверување на стекнатите знаења на учениците влијае врз успехот на ученикот – поединец и секако врз успехот на одделението како целина. Оценувањето, на учениците наставниците го организираат сумативно, онлајн, преку оценување на домашните задачи и преку зададени наставни проекти. Наставниците спроведуваат и електронски тестови, а ја ценат и активноста на учениците, и го земаат во предвид и минатиот труд.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lidija Kamceva Panova
Date Deposited: 28 Nov 2022 11:59
Last Modified: 28 Nov 2022 11:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30531

Actions (login required)

View Item View Item