Јазичните предзнаења на учениците – првачиња како основа за совладување на наставната програма во прво одделение

Kamceva - Panova, Lidija and Taskova, Elena and Nedelkova, Slavica (2021) Јазичните предзнаења на учениците – првачиња како основа за совладување на наставната програма во прво одделение. International journal Knowledge, 47 (2). pp. 267-404. ISSN 2545-4439

[thumbnail of LANGUAGE+PRIOR+KNOWLEDGE+OF+THE+STUDENTS+-+FIRST+GRADERS+AS+A+BASIS+FOR+MASTERING+THE+CURRICULUM+IN+FIRST+GRADE.pdf] Text
LANGUAGE+PRIOR+KNOWLEDGE+OF+THE+STUDENTS+-+FIRST+GRADERS+AS+A+BASIS+FOR+MASTERING+THE+CURRICULUM+IN+FIRST+GRADE.pdf - Accepted Version

Download (532kB)
[thumbnail of Naslovna.pdf] Image
Naslovna.pdf

Download (586kB)

Abstract

Од воведувањето на деветгодишното образование во 2007 година, па до денес, се прават обиди да се следат современите трендови во образованието, како и да се подигне квалитетот на наставата и учењето. Изготвени се наставни програми насочени кон целите, спроведени се обуки на наставниот кадар и имплементирани се голем број проекти за унапредување на квалитетот на наставата и учењето од страна на институциите на системот, меѓународни и домашни организации. Изготвена е Стратегија за образование за 2018 – 2025 која ги поставува клучните активности кои треба да се преземат во следните години за да се подобрат наставата и учењето. Приоритетите вклучуваат настава која е насочена кон ученикот, мерење на напредокот во учењето во однос на резултатите (наместо акцентот да е само на стекнување знаење) и воведување на национално оценување.
Концепцијата за основно образование, изготвена во март 2021 година, претставува основа за обезбедување квалитетно основно образование, кое очекува училиштето да ги оспособи децата да одговорат на барањата на животот во сегашноста и иднината, односно, да ги научи учениците да учат во натамошното образование и во животот воопшто. Со концепцијата се обезбедува суштинскиот предуслов за постигнување на оваа цел – наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување.
Со Националните стандарди за основното образование се определени компетенциите кои треба да ги стекнат учениците на крајот на основното образование. Националните стандарди се вградени во наставниот план, преку застапеноста на наставните предмети и воннаставните активности, и во наставните програми, преку преточување на компетенциите во очекувани резултати од учењето и, следствено на нив, во стандардите за оценување.
Наставните програми се развиваат врз основа на Националните стандарди базирани на компетенции.
Наставната програма по македонски јазик за прво одделение ги нуди следниве теми/подрачја: 1.Слушање и зборување; 2.Почетно читање и пишување; 3.Литература, изразување и творење и 4.Медиумска писменост и медиумска култура.
Ние во овој труд, ќе се задржеме на предзнаењата на учениците, мерени во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип и ПОУ Три Чешми, кои во учебната 2021/22 година ќе бидат во прво одделение и да дадеме наше видување во остварувањето на очекуваните резултатаи од истата

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lidija Kamceva Panova
Date Deposited: 28 Nov 2022 11:59
Last Modified: 28 Nov 2022 11:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30530

Actions (login required)

View Item View Item