Risteski, Sanja (2022) Отпадот не е отпад сѐ додека го искористуваш: Завршен перформанс на студентите на ТТФ како дел од Проектот „4Р“ во соработка со ФРЛЗ - Штип. [Show/Exhibition]
Full text not available from this repository.Abstract
Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа регионална дебата за предизвиците од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, организирана од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип.
На настанот учествуваше и Технолошко-технички факултет при УГД. Беа претставени креации на детски модели изработени од текстилен отпад, како и изложба на редизајнирани парчиња облека од отпад. Настанот е презентација на завршни активности на Проектот „4Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби, реагирај)“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а имплементиран од страна на ФРЛЗ. Целта е да се поттикне чувство на одговорност кај луѓето за селекција и рециклирање; да ги согледуваат последиците од несоодветното однесување со отпадот од најрана возраст и за успешно стекнување вештини за преработка на текстил, за директно вклучување во пазарот на трудот и обезбедување на егзистенција.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Materials engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sanja Spasova |
Date Deposited: | 23 Nov 2022 09:01 |
Last Modified: | 23 Nov 2022 09:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30528 |
Actions (login required)
View Item |