Основно образование на возрасни – КПД - Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип една успешна приказна

Kamceva Panova, Lidija and Dimov, Trajce and Mitev, Zoran and Nedelkova, Slavica and Todorov, Miki and Pilatova, Slavica (2022) Основно образование на возрасни – КПД - Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип една успешна приказна. International journal Knowledge, 51 (2). pp. 263-410. ISSN 2545-4439

[thumbnail of ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ.pdf] Text
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ.pdf

Download (858kB)

Abstract

Во изминатите неколку децении, системите за образование и обука на возрасни во Европа се ставени под силен притисок за модернизација. Образованието на возрасни е важна компонента во составот на целоживотно учење. Уште од далечната 1949 година па наваму, на меѓународните конференции на УНЕСКО се зборува за образованието на возрасните. Во РФепублика Северна Македонија во Септември 2015 година, беше донесена Концепција за основно образование за возрасни, со цел да се подобри квалитетот и ефективноста на основното образование за возрасни кои не го завршиле.
Стратегијата за образование на возрасни на Република Македонија 2019-2023 година, е изработена во рамките на IPA проектот, компонента IV „ Enhancing Lifelong Learning trough modernizing Vocational education and training and Adu1t education Systems" (Project Reference Number : Europe A1D/135834/1Н/SER/МК.
Стратегијата за образованието на Република Македонија за 2019-2023 година претставува основа за активностите на институциите во Република Северна Македонија во полето на образованиетоза возрасните во периодот до 2023 година. Таа тргнува од постојните состојби во образовниот систем и има за цел кон тоа постепено да ги подобри истите, во согласност со утврдените приоритети.
Во периодот од 2019 до 2023 година, сите чинители во образованието и обуката на возрасни треба да ги фокусираат своите напори на реализација на следните цели:
1. Зголемување на привлечноста на учеството во образованието на возрасни
2. Воспоставување систем за осигурување квалитет во рамките на образованието на возрасни
3. Развој на систем за валидација на претходно учење
4. Подобрување на организацијата, управувањето и финансирањето на образованието на возрасни
5. Воспоставување систем за јавно образование на возрасни
6. Јакнење на истражувањето и развојните проекти во областа на образованието на возрасните
7. Професионализација на кадарот во областа на образованието на возрасните
8.Следење (мониторирање) и евалуација на образованието на возрасните
Имајќи ја во предвид целокупната ангажираност во овој сегмент, МОН и УНДП во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, го реализираа проектот Основно образование за затвореници во Казнено попрваен дом (КПД) – Штип, како дел од проектот на УНДП – креирање можности за работа на сите (Образование за возрасни), согласно законските прописи и Програмата за развоја на Обединетите нации.
Во Ноември 2020 година, тим од 8 наставници и 1 психолог од ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, извршија увид на лицата осуденици во КПД – Штип, при што Секторот за ресоцијализација при КПД формираше групи од осудени лица, кои беа тестирани со тестови од сите наставни предмети (кои моментално се изучуваат во редовното деветгодишно основно образование). Формираните групи започнаа со работа во Декември 2020 година со вкупно 45 осудени лица. Основното образование го изведуваа 6 наставници од одделенска настава и 2 наставници од предметна настава (англиски јазик и историја).

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lidija Kamceva Panova
Date Deposited: 28 Nov 2022 11:58
Last Modified: 28 Nov 2022 11:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30521

Actions (login required)

View Item View Item