Долго патување до дома

Kozinkova, Vesna (2022) Долго патување до дома. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4879-70-1

[thumbnail of Dolgo patuvanje doma.pdf] Text
Dolgo patuvanje doma.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of Korica.jpg] Image
Korica.jpg

Download (3MB)

Abstract

Книгата „Долго патување до дома“ на авторката Весна Кожинкова
произлезе од нејзиното истражување за докторската дисертација на тема:
„Егејската тема во современата македонска проза низ модалитетите на
домовноста“ одбранета во мај 2015 година на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ во Скопје. На научната публика Весна Кожинкова ѝ е
позната преку својата претходна книга „Македонскиот
постмодернистички роман“ објавен во 2018 година. Со оваа книга таа
анализира и истражува цел еден тематски комплекс во македонската
литература препознатлив по тоа што ја третира темата на насилно
прогонетите Македонци од Егејска Македонија за време на Граѓанската
војна во Грција. Интересна е идејата на авторката на самиот почеток на
книгата да ја помести приказната за своето семејство и на тој начин да
проговори за своите корени, за своите предци кои потекнуваат од Егејска
Македонија, кои биле насила и засекогаш протерани од своите огништа.
Книгата има повеќе глави, но, главно, во неа се препознаваат два
дела: теориски и апликативен. Во теорискиот дел авторката се обидува да ја проследи референтната
литература која во предвид ја има домовноста, егзилот, идентитетот и
другоста. Откако на самиот почеток дијахрониски го проследува
развитокот на македонската литература, ја ситуира егејската тема како
мошне важен, но помалку проучуван тематски комплекс и преку
историскиот дел ја дава историската предлошка на сите романи кои ја
имаат предвид егејската тема. Во напорот да се дефинираат модалитетите на
домовноста се истакнува како пресуден политичкиот контекст како
основа за дефинирање и препознавање на модалитетите на домовноста.
Кожинкова во овој дел ги поставува четирите модалитета на домовноста
во однос на прогонот на егејските Македонци: 1. Обездомување, 2.
Вдомување 3. Враќање и 4. Светот како Дом.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Vesna Kozinkova
Date Deposited: 28 Nov 2022 09:48
Last Modified: 28 Nov 2022 09:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30520

Actions (login required)

View Item View Item