Жените претпремачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз

Temjanovski, Riste (2022) Жените претпремачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз. In: Втор самит за женско претприемништво: „Инспиративна иднина“, 17-18 Nov 2022, Skopje.

[thumbnail of Zenite-pretpriemaci-i-digitalniot_svet.pdf] Text
Zenite-pretpriemaci-i-digitalniot_svet.pdf - Published Version

Download (1MB)
Official URL: https://weplatform.mk/

Abstract

Дигитализацијата е еден од трите фундаментални процеси кои поттикнуваат промени во економската, социо-политичката и културната сфера. Заедно со глобализацијата и демографските промени, дигитализацијата се смета за клучен ресурс и поттикнувач во сите прогресивни текови на цивилизациската трансформација. Светот станува сè повеќе поврзан и не можеме да си дозволиме да оставиме никого зад нас, да не е во чекор со сите дигитални промени и потреби. За жал, една голема категорија на активни чинители во општествената заедница сè уште ги пропушта придобивките од поврзувањето: тоа се жените. Разрешавањето на дигиталната родова поделба е од клучно значење за реализација на значајните потенцијални придобивки што може да ги генерира дигиталната писменост кај женската популација и нивната инклузивност во современите економски текови.
Дигиталните вештини на жените претприемачи се непосредно поврзани со иновациите и со напредната технологија, кои наметнуваат унифицирани стандарди и добри деловни практики во работењето. Дигитализацијата е една од клучните алатки за развојот и промоција на женскиот претприемачки дух, таа е и двигател на нови трендови на менаџирање и на дејствување, но и создава длабоки поделби, непремостливи јазови чии последици се чувствуваат со децении.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Prof.d-r Riste Temjanovski
Date Deposited: 21 Nov 2022 12:02
Last Modified: 21 Nov 2022 12:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30513

Actions (login required)

View Item View Item