Kamceva Panova, Lidija and Pilatova, Slavica (2021) Утврдување на ставовите на учениците од предметна настава (7 – 9 одделение) во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во однос на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби. Knowledge – International Journal, Vol.46 (No.2). ISSN 2545-4439
Text
KIJ, Vol. 46.2-1-14.pdf Download (658kB) |
|
Text
5164-Article Text-9115-1-10-20210628.pdf Download (906kB) |
Abstract
Инклузивното образование е процес со кој се зголемува учеството на сите ученици во училиштата, вклучувајќи ги и оние со посебни образовни потреби. Станува збор за промена и прилагодување на воспитно – образовниот процес, политиката и практичната работа во училиштата. Инклузивното образование е процес кој треба да ги земе во предвид различните индивидуални потреби за развој на учениците, а при тоа треба да даде еднакви можности за остварување на основните човекови права за развој и квалитетно образование. Поради ова во РСМ во 2020 година е донесена Концепција за инклузивно образование со која се предлагаат мерки и стратегии со кои треба да се отстранат бариерите што го попречуваат спроведувањето на инклузивното образование и неговата одржливост. Со овој труд сакавме да ги утврдиме ставовите и мислењата на учениците во однос на инклузијата на ученици со посебни образовни потреби. Пред да ги анкетираме учениците нашето училиште беше вклученио ( и сеуште е) во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој го реализара Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со поддршка од Детската Фондација Песталоци. Досега беа реализирани повеќе активности: Обуки за наставниците за користење на асистивна технологија и методи и техники за адаптирање на содржините за учениците со посебни образовни потреби; Обуки за наставниците и родителите за интеркултурно учење и детски права; Обезбедување на асистивна технологија/уреди и софтвери за училиштето; Реализрање на активности од првата фаза од Фандрејзинг активност – и обезбедување спонзорства за набавка на таблети за учениците со посебни образовни потреби и од ранливите категории; Реализација на активности во рамки на втората фаза од Фандрејзинг активноста, чија цел е обебзбедување на спонзорстав за изградба на пристапна рампа до училиштето за ученците со телесно/физичко нарушување. Од спроведеното истражување може да се заклучи дека нашите ученици имаат позитивни ставови во однос на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби, во однос на прифаќањето на различностите, во однос на реализирањето на заеднички воннаставни активности со своите соученици со посебни образовни потреби. Резултатите од истражувањето ни помогнаа да ја идентификуваме потребата кај учениците од поголема едукација во однос на тоа што значи поимот инклузивно образование и деца со посебни образовни потреби.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lidija Kamceva Panova |
Date Deposited: | 10 Nov 2022 11:44 |
Last Modified: | 10 Nov 2022 11:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30464 |
Actions (login required)
View Item |