Kosevaliska, Olga and Maksimova, Elena and Nikodinovska Krstevska, Ana (2022) Виктимизација на мигрантите и бегалците во Република Северна Македонија во кривични дела, со посебен акцент на трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти. Proceedings of ninth international scientific conference "Social changes in global world". pp. 211-234.
Text
Виктимизација на мигрантите и бегалците во Република Северна Македонија во кривични дела - труд од конференција.pdf Download (6MB) |
Abstract
Мешаните миграциски текови секогаш носат со себе сериозни ризици од
виктимизација на одредена целна група која се обидува да стигне до одредена земја.
Патот што го следат мигрантите можеби е ист, но самите предиспозиции и причини за
мигрирање ги прават одредени мигранти особено поранливи од другите. Во ситуации
на мешани миграциски текови, често се доведени во ситуација да бидат виктимизирани,
пред се поради фактот што или не се „добредојдени“ од локалното население или
пак и локалното население и транснационалните криминолгени структури, сакаат да
профитираат од нивната положба. Самите мигранти често посегнуваат по посредници
кои би можеле да им помогнат да се преселат во посакуваната земја. Ова ги прави
лесно достапни за ваквите структури, кои ако во „нормални“ услови сами трагаат по
нивните жртви, овде не ретко истите ги бараат нив. Така, мигрантите во транзит се
особено ранливи на криумчарење поради нивната желба да го извршат ова кривично
дело и нивната готовност да премолчат се само да стигнат до посакуваната дестинација.
Меѓутоа, многу често оваа волја и согласност се губи на патот, бидејќи шверцот
прераснува во трговија со луѓе, а мигрантите често се експлоатираат. Миграциската и
бегалската криза што се случува долж Европа, и оние што се случуваат во моментот,
поради состојбите во Авганистан и Украина, создава совршен пазар за експлоатација
на мигрантите во земјите на транзит и дестинација од бескрупулозните криминални
структури но и од изолирани сторители. Границата помеѓу шверцот и трговијата со
мигранти често станува нејасна. Принудени на движење, луѓето се изложени на откуп,
киднапирање, сексуална експлоатација или се тргувани за принудна работа за време на
нивните патувања опасни по живот. Ваквата ранливост може и да не биде соодветно
препознаена од првите надлежни лица во земјата, бидејќи, од една страна, времето
не го дозволува тоа, или, од друга страна, затоа што соодветните алатки за навремена
детекција не се развиени, не се широко усогласени или, во некои случаи, едноставно
не се применуваат.
Република Северна Македонија е транзитна зона и за миграција и за
транснационален организиран криминал. Со текот на годините, направени се голем број
пропусти во однос на соодветното препознавање на потенцијалните жртви на кривични
дела меѓу мигрантите како и жртви на трговија со луѓе. Земјата разви некои стандарди и
насоки за мерките против трговија со луѓе во хуманитарни кризи и направи некои обуки
за одговорните лица на првата линија и хуманитарните чинители. Сепак, практиката
не ни покажува резултати на адекватно и навремено откривање. Соодветното време и
алатки се од витално значење за да се идентификува ранливоста и посебните потреби,
вклучително и во однос на оние кои сакаат да останат невидливи или непријавени.
Затоа, во трудот ќе дадеме осврт на виктимизацијата на мигрантите и бегалците
како дел од мешаните миграциски текови, на територијата на нашата држава, како и
ќе ја нагласиме опасноста за нивно регрутирање во трговија со луѓе и криумчарење
мигранти. Особено ќе ги нагласиме сличностите меѓу овие две кривични дела кои
го отежнуваат правилното препознавање и идентификација на можните жртви на
трговија со луѓе на територијата на Република Северна Македонија и ќе ги разгледаме
позитивните правила и прописи, како и практичните напори со доза критицизам за
подобри идни резултати.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 07 Nov 2022 09:38 |
Last Modified: | 13 Dec 2024 09:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30429 |
Actions (login required)
View Item |