Обуката на кадрите како клучна детерминанта за опстанок и развој на претпријатието

Naseva, Katerina (2022) Обуката на кадрите како клучна детерминанта за опстанок и развој на претпријатието. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Kate, Kocani, Magistarski trud - finalna. Lektorirana.pdf] Text
Kate, Kocani, Magistarski trud - finalna. Lektorirana.pdf

Download (1MB)

Abstract

Процесот на учење, како пренос на знаење (трансмисија на знаење), е
клучен елемент во научниот систем, тоа е столб на образованието и обуката.
Во бизнисот кој се заснова на знаење, учењето има круцијално значење и
важна улога за одредување на судбината на поединците, организациите и
воопшто за економијата на државата. Синергијата од знаење игра важна
улога во преносот и ширењето на знаењето во економијата.1 Едно од
главните обележја на економијата заснована на знаење е признавањето дека
ширењето на знаењето е подеднакво значајно за неговото настанување, што
акцентира да се сврти повеќе внимание на „дистрибутивната мрежа на
знаење“ и на „националниот систем за иновации“.
Секој човек е обликуван од неговата количина на знаење, способноста
за понатамошно учење, неговата креативност, но и мотивираноста за
извршување на задачите, што го прави различен од другите ресурси во
компаниите.2
Само таканаречените „тешки“ вештини не се доволни за успех, затоа
што и оние „меките“ имаат огромно значење, надополнети со техничките
вештини3
.
Системското размислување, како еден од принципите во
менаџирањето, посочува на фактот дека менаџерите имаат основна задача
(меѓу другите) да ја трансформираат организацијата, во организација која
учи, креира, која се надоградува. Само на тој начин може да биде во чекор со конкуренцијата на пазарот, иако овој процес се одвива во континуитет и
не е ниту лесен ниту брз.4

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Nov 2022 08:41
Last Modified: 01 Nov 2022 08:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30381

Actions (login required)

View Item View Item