Koрелација помеѓу активноста на болеста, автоимуноста и биолошките маркери кај пациентите со хронична спонтана уртикарија

Trajkova, Vesna and Velickova, Nevenka (2022) Koрелација помеѓу активноста на болеста, автоимуноста и биолошките маркери кај пациентите со хронична спонтана уртикарија. Doctoral thesis, University "Goce Delcev" - Stip.

[thumbnail of Весна Трајкова-финална докторска дисертација.pdf] Text
Весна Трајкова-финална докторска дисертација.pdf

Download (4MB)

Abstract

Хроничната спонтана уртикарија (ХСУ) претставува тип 1 алергиска реакција која трае повеќе од 6 недели. Истата, директно е поврзана со дегранулација на мастоцитите кои ја активираат болеста и доведуваат до појава на уртики и ангиоедеми. Целта на оваа студија е да се направи корелација помеѓу: активноста на болеста, автоимуноста и биолошките маркери кај пациентите со хронична спонтана уртикарија, како и нивна асоцијација со резултатите од aвтологниот скин серум тест (ASST) и резистенцијата на H1- антихистаминиците. Материјал и метод: Се работи за проспективна студија, која е реализирана во период од ноември 2020 до јуни 2022 година во дерматолошката амбуланта при ГОБ „8ми Септември“ – Скопје. Во неа се вклучени 230 пациенти со ХСУ и 130 здрави испитаници кои ја претставуваат котролната група. Клиничките маркери се евалуирани преку: стандардизираната алатка за мерење на активноста на болеста Weekly Urticaria Activity Score (UAS7), терапискиот одговор на H1-антихистаминици, автоимуниот статус на пациентите, и изработка на ASST тест. Направена е корелација помеѓу следните биомаркери: Leukocytes, Neutophilis, Lymphocytes , Monocytes , Eosinophils , Basophils , Platetets , Mean platent volume , IgE, Anti-TPO, ANA, RF, CRP C3, C4, D-Dimer, Витамин D. Резултати: Пациентите со ХСУ имаа сигнификантно повисоки вредности на D-dimeri (p<0.0001), CRP (p<0.0001), IgE (p<0.0001) од контролната група, и пониски вредности на базофилни гранулоцити (59.13% vs 0%). Kај пациентите со тешка клиничка слика беше присутен ангиоедем (p=0.026) и беа регистрирани повисоки вредности на D-dimeri споредено со пациентите со средно тешка клиничка слика и лесна клиничка слика (p<0.0001). Пациентите со позитивен автоимун статус (почесто од пациентите без автоимун статус) имаа позитивен АSST тест (p<0.000), пониски вредности на IgE (p<0.0001), D-dimeri (p=0.048). Во однос на испитуваниот одговор на H1- антихистминици кај пациентите со ХСУ терапискиот одговор на H1-антихистаминици не беше сигнификантно асоциран со појавата на дермографизам (p=0.73) и ангиоедем (p=0.55). Пациентите со позитивен АSST тест имаа сигнификантно повисоки вредности на D-dimeri (p=0.048) и сигнификантно пониски вредности на IgE (p=0.048) споредено со пациентите со негативен тест (p<0.0001) Заклучок: Во серумот на пациентите со ХСУ, регистрирани се енормно повисоки вредности на IgE, D-dimer, CRP во споредба со контролната група, воедно, вредностите на IgE, D-dimer, CRP како и нивото на останатите биомаркери корелираат со активноста на болеста, одговорот на H1-антихистаминците и автоимуниот статус на пациентите со ХСУ.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 01 Nov 2022 08:40
Last Modified: 01 Nov 2022 08:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30380

Actions (login required)

View Item View Item