Mitreva, Elizabeta (2022) Самостојна хуманитарна, донаторска изложба насловена: Бакнати деца. [Show/Exhibition]
Text
1.БАКНАТИ деца (1)финално - KOMPLETEN KATALOG.pdf Download (16MB) |
Abstract
Додека ги создавав овие мои уметнички дела под скопското КАЛЕ и охридското поднебје, а посветени на децата во услови на светска пандемија јас ја барав светлината на животот, за да ја отсликам НИВНАТА душа. Нивната душа со саканите и среќни мигови, како и со тажните и солзни денови постепено ги пресликав на платно, за да ги овековечам.
Спознавањето на детската мисла и спознавањето на детската душа е неоткриен миг до кој никогаш нема да стигнам. Преку моите слики се обидов да ја насликам вистината за детскиот свет, но и нивната тага и самотија во услови на изолација.
Преку моите слики ќе му ја подарам на светот целата моја скриена вистина.
Детскиот живот е мистична приказна што ретко може да се чуе. Приказната поседува незавршено време што може да се огледа низ моите платна. Низ овие дела може да се види состојбата во услови на пандемија, во време кога дуваа некои други ветришта, кога луѓето беа поинакви, уплашени, загрижени, но топли и чувствителни.
Додека ги создавав овие дела ја имав силата од Бога, да во нив вградам многу посветеност и љубов која енергија сакам да ја пренесам таму каде овие платна ќе ги дарувам, а тоа се:
1.ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА – ШТИП,
2.ДРЖАВНОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА „ИСКРА“ – ШТИП,
3.ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ТЕЛЕСНА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ,
4.ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО АУТИЗАМ И
5.МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА ВО ШТИП
На таков начин ќе ги пренесам енергијата и љубовта во институции каде може раснат и созреваат и ќе донесат многу радост и убавина.
На ваков начин ќе ја пренесам пораката на дарување љубов.
Item Type: | Show/Exhibition |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 25 Oct 2022 08:46 |
Last Modified: | 25 Oct 2022 08:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30350 |
Actions (login required)
View Item |