Jordeva, Sonja (2022) Текстилно-кожарски материјали. Министерство за образование и наука.
Text
Текстилно кожарски материјали 1 god. MK. Web.pdf Download (11MB) |
Abstract
Текстилните материјали се добиваат од текстилни влакна и нишки, а кожарските од сурова кожа со различни техники за нивна преработка. Текстилно-кожарските материјали по својата хемиска структура спаѓаат во најсложени, а по карактеристиките во најразновидни материјали. Производството и преработката на текстилните влакна и кожата има суштинска улога во задоволувањето на една од фундаменталните човекови потреби - облекувањето. Влакната се дефинираат како тела со издолжена форма што се карактеризира со голем однос меѓу надолжните и напречните димензии. Со релацијата влакно – предиво – текстилен материјал, може на наједноставен начин да се претстави процесот преку кој се добиваат текстилни материјали со комплексна структура и карактеристики погодни за најразлични цели како облека, техничка примена, специјална примена (во медицината, биологијата, електрониката и слично). По геометриската форма текстилните материјали се делат на линеарни (предиво) и површински или дводимензионални (ткаенина, плетенина, неткаен текстил, чипки, мрежи). Предивата можат да послужат за изработка на сложени текстилни структури, како што се ткаенините и плетенините. Ткаените текстилни производи (ткаенини) се добиваат по пат на предење, ткаење и доработка на ткаенината. Плетените текстилни производи (плетенини) се добиваат по пат на предење, плетење и доработка на плетениот производ. Неткаените текстилни производи (неткаен текстил) се добиваат по пат на подготовка на влакната, формирање пелц (руно), зацврстување на пелцот и доработка на неткаениот текстил. Конфекционираните производи се добиваат со конфекционирање на ткаенините и плетените производи при што се користат конци за шиење. Постојат и други видови текстилни производи таканаречени позаментериски (врвци, ленти и слично). Тие се добиваат најчесто со преплетување, кончење или всукување на повеќе предива. Со релацијата сурова кожа – процес на преработка - готова кожа или крзно може да да се претстави процесот на добивање на готова кожа или крзно како кожарско-крзнарски материјали. Процесот на преработка на суровата кожа и крзно се состои од подготвителни операции, штавење и дополнително штавење и доработка.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Materials engineering |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Sonja Jordeva |
Date Deposited: | 24 Oct 2022 20:13 |
Last Modified: | 24 Oct 2022 20:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30315 |
Actions (login required)
View Item |