Radojkova-Nikolovska, Vera and Popovska, Mirjana and Nikolovski, Bruno and Dzipunova, Biljana and Toseska Spasova, Natasa and Stojanovska, Vera (2022) Несакани реакции на лекови - орални манифестации. In: 9ти Конгрес на македонско стоматолошко друштво со меѓународно учество (МСД), 15-18 Sept 2022, Ohrid.
Slideshow
MSD Ohrid oral presentation 2.pdf - Published Version Download (1MB) |
|
Slideshow
НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ НА ЛЕКОВИТЕ.pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Несаканите реакции на лекови се честа појава која може да се манифестира во усната празнина.
Од страна на СЗО несаканата реакција на лекот е дефинирана како „одговор на лек кој е штетен и
неочекуван, и кој се јавува при доза која нормално се користи кај човекот за профилакса, дијагноза,
терапија на болест или за модификација на физиолошката функција“
Цел: да се опишат најчестите несаканите реакции на лекот со кои може да се сретнат стоматолозите
во секојдневната клиничка пракса.
Методи: беше направено истражување на специјализираните бази на податоци PubMed, PubMed
Central, MEDLINE, EBSCO, Science Direct, Scopus за периодот 2010-2022 год. со користење на MeSH
термини: несакана реакција на лекови, реакции индуцирани од лекови, уста, орална манифестација.
Резултати: заболувањата и најчестите состојбите беа категоризирани во групи и тоа: зафатеност на
плунковните жлезди, мукозни промени, промени на тврдите ткива и не специфични состојби.
Заклучок: Консумација на антибиотици, нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) и
имуносупресори се најчести лекови кои предизвикуваат несакани реакции во усната празнина.
Зголемување на животниот век, и се поголемиот број на постара популација која има потреба од
различни групи лекови, ја наметнува улогата на стоматолозите детално да бидат запознаени со
несакани ефекти на лековите, нивната клиничка манифестација и начинот на нивното правовремено
менаџирање.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Bruno Nikolovski |
Date Deposited: | 12 Dec 2022 11:28 |
Last Modified: | 12 Dec 2022 11:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30262 |
Actions (login required)
View Item |