Основи на угостителство

Ilievska, Nadica and Todorovic, Emilija and Metodijeski, Dejan (2022) Основи на угостителство. Министерство за образование и наука, Скопје. ISBN 978-608-273-021-9

[thumbnail of Osnovi na ugostitelstvo.pdf] Text
Osnovi na ugostitelstvo.pdf

Download (390kB)

Abstract

Овој учебник има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите поврзани со угостителството и запознавање на учениците со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на угостителството во нашата земја. Во разработката на материјалот, користена е релевантна литература од познати автори и институции од областа на угостителството. Материјалот е структуриран според наставната програма за предметот Основи на угостителство кој се изучува во прва година во средните стручни училишта од сектор Угостителство и туризам. Учебникот е поделен на четири поглавја, односно модуларни единици. Секое поглавје е структурирано со кратка содржина, цели, клучни зборови и заклучок.Првата модуларна единица во учебникот, насловена како „Поим, развој и сектори на угостителството“, опфаќа материја поврзана со поим и историски развој на угостителството како стопанска дејност, поделба, значење и карактеристики на угостителството и угостителските услуги и сектори на работа во современото угостителството.Во втората модуларна единица „Угостителски објекти за сместување и исхрана“, направен е преглед на поделбата и карактеристиките на угостителските објекти за сместување и опфатени се поделбата и карактеристиките на угостителските објекти за исхрана и пијалаци. Исто така, во оваа глава се прави осврт на локацијата, категоризацијата и капацитетите на угостителските објекти.Третата модуларна единица „Угостителско послужување“, ги содржи улогата и значењето на угостителското послужување, работните позиции на стручниот персонал и основни карактеристики на просториите, опремата и инвентарот за послужување. Во овој дел е обрнато внимание и на практичната примена на поедноставни начини на угостителско послужување.Четвртата модуларна единица е посветена на „Готварството“. Во овој дел се обработуваат: дефинирање на поимот готварство и идентификување видови угостителски кујни според различни критериуми, идентификување на работните места во кујна и нивните работни задачи, процес на составување на листа на јадења и мени, како и практично подготвување на поедноставни јадења од листата на јадења.Учебников е наменет за потребите на учениците во средните стручни училишта од Секторот угостителство и туризам. Истиот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Основи на угостителство и да се подобри квалитетот на знаењето на учениците. Материјалот во учебникот е подготвен согласно препораките на Законот за учебници за основно и средно образование, како и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник на Бирото за развој на образованието. Содржината е претставена концизно и прегледно, користени се дијаграми, табели и фотографии со што ќе биде лесно разбирлив и совладлив од страна на учениците за кои е наменет.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 17 Oct 2022 14:36
Last Modified: 17 Oct 2022 14:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30248

Actions (login required)

View Item View Item