Kинетика и феномени на пренос

Mojsov, Kiro (2022) Kинетика и феномени на пренос. Univerzitet Goce Delcev Stip. ISBN 978-608-244-879-4

Full text not available from this repository. (Request a copy)

Abstract

Потребата за изработка на учебникот „Кинетика и феномени на пренос“ е голема, пред сè,
за студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во
Штип кои према наставниот план го слушаат предметот „Кинетика и феномени на пренос“
во втора година на насоката за Технологија на материјали за да може да добијат знаења
за принципите на кинетиката и феномените на пренос на количество движење, топлина и
маса и нивната примена во инженерството на материјали. Учебникот исто така, може да ги
задоволи и потребите на сите студенти од други факултети, како и студенти од втор и трет
циклус на студии кои имаат потреба од подетални знаења неопходни за развој на сите
подрачја на Феномени на пренос. Посебно ќе бидам задоволен ако колегите од
индустријата во овој учебник најдат податоци и теоретски објаснувања кои можат да им
послужат во секојдневната практика.
Преку материјата во овој учебник студентите ќе се запознаат не само со основните
феномени на пренос, туку и со начинот на размислување, логиката и терминологијата во
оваа област. Целта е студентите да стекнат знаење за самостојна примена на принципите
на кинетика и феномени на пренос во процесирањето на различните материјали преку
анализа на различни практични примери во конкретни случаи како и да научат да користат
литература од оваа област.
При составување на овој учебник користени се познати практикуми, учебници и друга
литература.
Во учебникот се опфатени теми од областа на феномени на пренос презентирани во 8
поглавја:
1. Вовед во кинетика и феномени на пренос;
2. Oснови во механика на флуиди;
3. Инженерски принципи и меѓународен систем на единици;
4. Принципи на пренос на количество движење (импулс);
5. Принципи на пренос на количество топлина;
6. Принципи на пренос на количество маса;
7. Аналогија меѓу феномените на пренос на количество движење, топлина и
маса;
8. Практични примери по феномени на пренос.
Им изразувам посебна благодарност на рецензентите на учебникот, проф. д-р Дарко
Андроников и проф. д-р Ацо Јаневски, за укажаните сугестии кои ми помогнаа во
оформувањето и дополнувањето на учебникот.
Сите сугестии и забелешки за дополнување и поправка на овој учебник ќе бидат со
задоволство примени, како би било подобрено наредното издание.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Chemical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Kiro Mojsov
Date Deposited: 17 Oct 2022 14:30
Last Modified: 17 Oct 2022 14:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30238

Actions (login required)

View Item View Item