Longurova, Natasa and Toneva Stojmenova, Verica and Zlatanovska, Katerina and Denkov, Nikola and Kovacevska, Ivona (2022) Застапеност на употреба на ласер низ ординациите во Источна Македонија. In: 9ти Конгрес на Македонско стоматолошко друштво со меѓународно учество (МСД): Стоматологијата пред предизвиците на новото време: можности и ограничувања, 15-18 Sept 2022, Ohrid, Republic of North Macedonia.
Text
MSD Laser.pdf Download (1MB) |
|
Text
Upotreba na Laser-MSD.pdf Download (911kB) |
Abstract
Вовед: Стоматолошките ласери се модерни алатки кои имаат бројни предности. Истите важат за иновативни алатки и покрај тоа што нивното развивање започнува во доцните 60 години од минатиот век, а нивното користење во стоматолошките ординации во светот пред повеќе од 20 години. За отстранување на тврдите ткива се користат Erbium ласерите како: Er:YAG (erbium:yttrium-aluminium-garnet, 2940 nm) и Er,Cr:YSGG (erbium,chromium:yttrium-scandium-gallium-garnet, 2780 nm).
Цел: Целта на овој труд е да се прикаже употребата на ласерот во реставративната стоматологија. Накратко е опфатен неговиот начин на работа, и опфатени се индикациите од ендодонцијата, реставративната и превентивната стоматологија.
Материјал и метод: Направено е истражување со цел да се утврди застапеноста на ласерот во стоматолошките ординации во источна Македонија
Резултати: Од испитаниците во нашето истражување дали во секојдневната клиничка пракса користат ласер 75% одговориле со НЕ, а 25% одговориле со ДА. Од испитаниците кои поседуваат ласер 85% од оваа испитаничка група поседуваат диоден тип кој го користат при третман во меките ткива, односно мекоткивен тип на ласер, и истиот го користат речиси еднаш месечно, додека 7,5% поседуваат CO2 ласер,кој го користат при третман во меките ткива и 7,5% Er.YAG кои што го користат за третман на тврдите ткива при што истите секојдневно се користат.Од испитаниците кои што не користат ласер 56% сметаат дека ласерот е есенцијална алатка во модерната стоматологија, додека 44% сметаат дека ласерот не е есенцијална алатка во модерната стоматологија.
Заклучок: Од добиените резултати може да се констатира дека застапеноста на ласерот како модерна алатка во стоматолошките ординации во Источна Македонија е сосема мала, кое најверојатно се должи на самата цена на ласерот, но и на цената на ласерскиот третман.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 16 Nov 2022 12:16 |
Last Modified: | 16 Nov 2022 12:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30205 |
Actions (login required)
View Item |