Јавни финансии

Gaber, Stevan and Gruevski, Ilija (2022) Јавни финансии. Goce Delcev University – Stip, Faculty of Economics, Stip. ISBN 978-608-244-913-5

Full text not available from this repository.

Abstract

Учебникот „Јавни финансии“ има за цел да ја покрие наставната содржина која е застапена на наставните програми на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но и на некои други факултети, а која се сретнува под името јавни финансии, државни финансии и фискална економија.
Содржината на овој учебник ја следи наставната програма по предметот „Јавни финансии“ на додипломските студии и „Државни финансии“ на постдипломските студии на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Книгата се очекува да биде значаен извор за научната литература која се занимава со прашања од фискалната проблематика, а кои постојано се од интерес за пошироката научна и стручна јавност, но и за секојдневните читатели, кај кои постои интерес за начинот на извршување на фундаменталните функции на државата. Интересот за квалитетот на понудените јавни добра и услуги, но и нивото на остварување многубројни економски, социјални, демографски, еколошки и други цели сериозно може да го подобри пристапот на извршната власт во управувањето со јавните финансии, како и да го подобри животниот стандард на граѓаните.
При конципирањето на учебникот се трудевме да ги покриеме сите релевантни прашања од областа на јавните финансии, кои се обработени во современите учебници за јавни финансии. Почнувајќи од појдовните аспекти на терминот - јавни финансии, па сè до фискалните правила кои се јавуваат како инструмент за воспоставување фискална дисциплина во развиените земји, но и во земјите каде се јавува предизвик со прудентно и транспарентно управување со буџетот на државата.
Учебникот вклучува десет поглавја каде елаборирани се сите најважни прашања поврзани со јавните финансии, како што се: воведот во јавните финансии, економските функции на државата, јавните расходи, јавните приходи, даноците и даночната политика, останатите јавни приходи, јавниот долг, буџетот и буџетската политика, буџетскиот дефицит и фискални правила. Целта на пишување на овој учебник ќе се смета за остварена доколку читателот биде во можност да ја препознае, разбере и толкува проблематиката од јавните финансии во секојдневниот живот и таквата научна вистина ја поврзе со севкупните финансиски текови во националната економија.
Учебникот, како прво издание, трасира нова патека во научно-истражувачката дејност на авторите, а која воедно претставува еден вид награда за повеќегодишното научно работење во областа на јавните финансии. Станува збор за научна дисциплина која постојано подложна е на разновидни промени, особено во нашата држава, што може брзо на доведе до тоа некои фискални аспекти да добијат застарен третман. Покрај тоа, авторите се потрудија најважните дилеми да бидат опфатени на адекватен начин и материјалот да биде доволно интересен и привлечен за проучување. За успешно совладување на материјалот од овој учебник, потребно е студентите да располагаат со претходни знаења од областа на макроекономијата и микроекономијата.
Во постапката на подготовка на овој учебник, посебна и голема благодарност должиме на сите членови на нашите семејства, а особено на нашите ќерки Родне, Лара и Мартина, без чие трпение и разбирање тешко ќе беше возможно овој учебник да го види светлото на денот.
Исто така, голема благодарноста до рецензентската комисија во состав на проф. д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска и вон. проф. д-р Марија Гогова Самоников, за нивниот конструктивен пристап и корисните сугестии во постапката на изработка на овој учебник.
Книгата „Јавни финансии“ од вон. проф. д-р Стеван Габер и вон. проф. д-р Илија Груевски претставува благороден обид, материјата од предметот „Јавни финансии“, да се прикаже концизно и пореално, од теоретски и практичен аспект, како и да ги нагласи специфичните карактеристики на јавното финансирање.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 27 Sep 2022 06:23
Last Modified: 27 Sep 2022 06:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30188

Actions (login required)

View Item View Item