Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2020) Практикум и задачи по финансиски менаџмент. ISBN 978-608-244-783-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Ракописот кој носи наслов „Практикум и задачи по финансиски менаџмент” од авторите проф. д-р Илија Груевски и проф. д-р Стеван Габер е наменет за студентите на Економскиот факултет како учебно помагало (практикум и збирка задачи) по предметот Финансиски менаџмент. Овој предмет, според новата наставна програма е предвиден како задолжителен предмет на I циклус на студии во 3-ти семестар на насоките Сметководство и Ревизија и Маркетинг Менаџмент, во 5-ти семестар на насоките Финансии и Менаџемент и Претприемништво, како и во 7-ми семестар на насоката Бизнис Економија. Предложениот ракопис е во согласност со наставната програма и во поголем
дел ја опфаќа наставната материја за студиските програми за кои е наменет, а во согласност со доделената акредитација за истиот. Содржината на ракописот е компатабилна со една од основните литературни единици по предметот, учебникот
“Финансиски менаџмент” од авторот Сашо Арсов. Практичните примери и проблеми кои се застапени во ракописот, се посебно развиени по терк на основната литература, за потребите на студентите од Економскиот факултет кои го изучуваат овој предмет, се со цел за подобро разбирање и усовршување на практичните техники и алатки кои финансикиот менаџер ги користи за донесување на релевантни финансиски и инвестициски одлуки. Впрочем, и мотивот на авторите за ракописот е да се потенцира и продлабочи практичната (емпириска) страна на наставната материја, во која јасно доминира теоретската литература. Со понудениот ракопис, всушност, му се овозможува на студентот конкретно решение на даден практичен проблем и можен начин на исползување на техниките за евалуација на финансиски или инвестициски
одлуки. Вредноста на ракописот може да биде и поголема, ако се има во предвид дека дел од разработените техники, освен за професионални потреби можат да се искористат и во секојдневниот живот. Образложената материја во ракописот на авторите д-р Илија Груевски и д-р Стеван Габер кој носи наслов “Практикум и задачи по Финансиски менаџмент” е систематизирана и презентирана во 6 (шест) глави, според следниов редослед:Глава 1 Основните финансиски извештаи на претпријатието;Глава 2 Финансиска анализа и финансиските показатели на претпријатието;Глава 3 Временската вредност на парите како фундаментален принцип во Финансискиот менаџмент;
Глава 4 Проценка на вредност на долгорочни хартии од вредност и на претпријатија;Глава 5 Цена (трошок) и структура на капиталот; и Глава 6 Ризик и принос.Во првата глава со наслов Основните финансиски извештаи на претпријатието, детално се разработени принципите и правилата за изработка на Билансот на состојба и Билансот на успех, заедно со позначајните ставки и делови кои тие ги содржат. Тука се претставени и Извештајот за промените на капиталот, како и Извештајот за акумулирана добивка како дополнение на претходните два извештаи. Во овој дел се објаснети и дефинирани финансиските категории Нето Оператвна Добивка по Оданочување (НОДО) и Слободниот Готовински Тек (СГТ) кај кои е потенцирано големото финансиско значење од аспект на извршувањето на посуптилни анализи како што е вреднувањето на цели претпријатија. Особено внимание се посветува на Извештајот за готовинските текови кој би требало да претставува основа за црпење на информации на финансискиот менаџер, со оглед дека ги регистрира паричните текови кои по дефиниција претставуваат финансиака категорија, за разлика од добивката во билансот на успех, која се смета за пресметковна т.е. сметководствена категорија. Притоа, акцентот е ставен на правилата за изготвување според индиректниот метод, кои се детално елаборирани во посебна матрица за секој посебен дел од извештајот на готовинските текови (од оперативни, финансиски и инвестициски активности). Авторите ја посветуваат втората глава на Финансиската анализа и финансиските показатели на претпријатието. Најпрвин, накратко се прави осврт за поимот, значењето и чекорите во процесот на финансиската анализа, за да потоа во детали се објаснат најпознатите показателите на финансиката кондиција на претпријатието. Така, ликвидноста е претставена преку показателот на тековна ликвидност, показателот на брза (моментна) ликвидност, показателот на готовинска ликвидност и индикаторот нето-обртни средства. Задолженоста (солвентноста) на претпријатието може да се дефинира според показателот на вкупната задолженост,
показателот на долгорочната задолженост, коефициентот долг/сопствен капитал,показателот на долгорочната стабилност на финансирањето и показателот на каматната покриеност. Активноста, ефикасноста или со други зборови обртот на средствата, кој всушност го покажува бројот на трансформациите на средствата во една година, може да се измери алтернативо со коефициентот на обрт на вкупнитесредства, на постојаните средства, на побарувањата од купувачите и коефициентот на обрт на залихите. Големо значење има и коефициентот на вртење на обврските кон
добавувачи, кои иако претствуваат пасивна ставка а не средство, укажуваат на должината на периодот во кој фирмата е бесплатно кредитирана од своите добавувачи. Понатаму, профитабилноста како крајна цел на деловниот циклус може да
се квантифицира преку показателите стапка на принос на вкупен капитал, стапка на принос на вкупни средства, бруто профитна маржа и нето профитна маржа. Од показателите на пазарната вредност на претпријатието се обработени показателот добивка по акција, показателот пазарна цена – добивка и показателот пазарна цена – книговодствена вредност. На крајот е презентирана т.н. ДИ-ПОН анализа, која на индиректен начин доаѓа до стапката на принос на вкупните средства и стапката на принос на вкупниот капитал, и на тој начин укажува на причинско-последичните врски помеѓу нив и останатите показатели, издвојувајќи ги на тој начин оние со најголемо влијание врз унапредувањето на профитабилноста.
Третата глава од содржината на ракописот ја обработува Временската вредност на парите како фундаментален принцип во Финансискиот менаџмент. Тука, детално се прикажани најпрвин, техниките на вкаматувањето, а потоа и техниките на дисконтирањето. Од техниките на вкаматувањето како математичка операција за пресметување на идната вредност на некоја сегашна сума на пари, се обработени моделот на идна вредност на еднократен паричен тек, повеќекратното вкаматување на еднократен паричен тек, континуелното вкаматување на еднократен парилен тек, и моделот на идна вредност на повеќекратен ист паричен тек (или скратено, идна вредност на ануитет). Дисконтирањето пак, кое означува пресметка на сегашната вредност на некоја идна сума на пари, и воедно претставува реципрочна операција на вкаматувањето, може да се состои од моделот на сегашна вредност на еднократен паричен тек, континуелното дисконтирање на еднократен паричен тек, моделот на сегашна вредност на ануитет, моделот на сегашна вредност на непрекинат
ануитет и Гордоновиот модел на сегашна вредност на непрекинат растечки паричен тек. Во продолжение на ракописот, односно во четвртата глава, се презентирани
моделите и техниките за Проценка на вредност на долгорочни хартии од вредност и на претпријатија. Притоа, најпрвин се објаснети моделите за вреднување на
обврзници, потоа моделите за проценка на вредност на акции, па на претпријатија, за да на крајот е направена паралела помеѓу вреднувањето на кредитниот аранжман и лизингот. Поаѓајќи од општиот модел на вреднување на обврзници, во продолжение се надоврзуваат и моделот на вреднување со повеќекратна исплата на купонска камата, моделот на вреднување на бескупонски обврзници и техниката на вреднување со стапката на принос до достасување. Групата за техники на вреднување на акции започнува со општиот модел на вреднување на акции, моделот на фиксна дивиденда,Гордоновиот модел на константна стапка на раст на дивидендата, повеќефазниот модел на раст на дивидендата и техниката за вреднување со помош на мултипликатори. Како што е кажано, вреднувањето на претпријатија се прави преку пристапот на Слободните Готовински Текови (СГТ), а со посебни примери се објаснети и принципите на вреднувањето на кредити и лизинг.
Петтата глава од ракописот е наменета за проблематиката со Цената (трошокот) и структурата на капиталот. Потенцирајќи ја основната функција на трошокот на капиталот да ја претставува минималната барана стапка на принос или
поточно, дисконтната стапка во процесот на вреднување, најпрвин се претставени цените на долгот или туѓиот капитал, а потоа и цените на сопствениот капитал. Цената на долгот може да се разликува во зависност од тоа дали се работи за долг во форма на класичен кредит (заем) или за долг во форма на емитувани обврзници. Слично, трошокот на сопствениот капитал може да се диференцира како цена на акционеркиот
капитал (од обични акции или од приоритетни акции) и како цена на капиталот од инетерни извори. Посебен фокус е ставен врз моделите на пресметка на цената на капиталот од обични акции каде оделно се објаснети методот на надградба на
стапката на принос, Гордоновиот модел на стапка на принос, познатиот САРМ модел и методот на арбитражно одредување на стапката на принос. Во продолжение е дефинирана просечната пондерирана цена на капиталот WACC, додека влијаните на
структурата на капиталот (различниот сооднос помеѓу долот и сопствениот капитал) е анализирана посебно во услови на перфектна економија без даноци, во економија каде
постои само данокот на добивка и во економија која ги вклучува плус персоналните
даноци. Конечно, во последната шеста глава, авторите прават осврт врз основните постулати на инвестирањето: Ризикот и приносот. Нормално е приносот како економско-финансиска категорија да се набљудаува низ призмата на ризикот со кој се наоѓа во правопропорционална корелација. Ризикот, пак, може да се изрази статистички преку варијансата или стандардната девијација за што се дадени нивните
формули и дефиниции. Анализата потоа се префрлува врз очекуваниот ризик и принос на портофлио од хартии од вредност, за што дополнително се објаснети поимите
коваријанса и корелација. Притоа, портфолиото претпоставува модел од две и три хартии од вредност. На крајот, детално е претставен моделот САРМ, заедно со познатиот бета коефициент како олицетворение на пазарниот систематски ризик. Последниот дел се однесува на Библиографијата, во која авторите ги наведуваат користените библиографски единици што ја разработуваат проблематиката - предмет на ракописот на учебното помагало.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Stevan Gaber |
Date Deposited: | 27 Sep 2022 06:20 |
Last Modified: | 27 Sep 2022 06:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30183 |
Actions (login required)
View Item |