Реформа на казненото право во контекст на унапредување на правната рамка во случаите на криминал од омраза

Kosevaliska, Olga (2022) Реформа на казненото право во контекст на унапредување на правната рамка во случаите на криминал од омраза. In: VIIма Охридска школа на природното право на тема: „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции”, 27 June - 02 July 2022, Ohrid.

[thumbnail of Presentation] Text (Presentation)
Криминал од омраза.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of VII OШПП, Агенда мк.pdf] Text
VII OШПП, Агенда мк.pdf

Download (117kB)

Abstract

Новите појавни облици на кривичните дела налагаат постојано унапредување на законските инкриминации а се со цел да се овозможи адекватен одговор на криминалот во пораст. Законските инкриминации, со тек на време, мора да претпат извесна реформа, некогаш и радикална, за да одговорат правилно на т.н. „mens rea“ и „actus reus“ во конкретниот случај. Во оваа смисла неколкукратните измени и дополнувања на казнено правната рамка во последнава деценија имаа за цел, меѓу другото, да овозможат и правилно адресирање на криминалот од омраза. Првичната можност за согледување на криминалот од омраза беше како отежнителна околност при одмерувањето на казната во смисла на чл.39 ст.5 кој во определен период беше единствен начин построго да се казни сторителот доколку во неговата намера да го изврши делото стои некаква предрасуда. Со измените на Кривичниот Законик од 2018 година се направи една радикална реформа за казнено-правниот одговор на криминалот од омраза и се воведе законска дефиниција за истиот но и се предвиде како квалификаторна околност во голем број на кривични дела. Оваа презентација има за цел да ја илустрира реформата на казненото зкаонодавство токму во делот на криминал од омраза, неговите старо-нови феноменолошки облици како и казнената политика и репресија за криминалот од омраза.
Клучни зборови: казнено дело, реформа, омраза, предрасуда, казна, репресија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Kosevaliska
Date Deposited: 03 Feb 2023 09:04
Last Modified: 03 Feb 2023 09:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30160

Actions (login required)

View Item View Item