Управување со мигрантските текови во Европската унија согласно член 79 од Договорот од Лисабон

Josifovic, Ivica and Kambovski, Igor (2022) Управување со мигрантските текови во Европската унија согласно член 79 од Договорот од Лисабон. Петта меѓународна научна конференција: Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век - Зборник на трудови, 5. pp. 66-77. ISSN ISBN 978-608-244-891-6

[thumbnail of 291-23-PB.pdf] Text
291-23-PB.pdf

Download (501kB)

Abstract

Договорот од Лисабон направи значителни промени во структурата на договорите на Европската унија и процесите на донесување на легислативата, вклучително и во легислативата за имиграција. Соработката во областа на имиграцијата значително се разви меѓу државите-членки на Европската унија во последниве години. Ова е значајно со оглед на чувствителноста на прашањата за имиграција, кои се инхерентно многу политички. Трудот има за цел да претстави некои аспекти на брзо менувачката политика на Европската унија за имиграција по стапувањето во сила на Договорот од Лисабон и да направи анализа на членот 79 од Договорот за функционирање на Европската унија (ДФЕУ) кој се однесува на политиката на имиграција. Трудот го објаснува влијанието на
членот 79 во управувањето со имиграцијата во Европската унија, особено дали, како резултат на овие промени, се забележува зголемување на наднационалното управување во
областа на политиката која традиционално била меѓувладина, со силен фокус на националниот суверенитет. Како резултат на тоа, има значително зголемување на супранационалното управување и преземени се значителни чекори кон заедничко
дејствување од страна на институциите на ЕУ и државите-членки. И покрај тоа што е постигнат напредок, трудот нагласува дека тензиите и понатаму постојат и дека нема
простор за самозадоволство бидејќи новата рамка на договорот се преточува во понатамошна легислатива која бара континуирана имплементација од државите-членки и
спроведување од страна на судските власти како на национално, така и на ниво на ЕУ. Заклучокот упатува на критики кон постоечката договорна рамка утврдена со членот 79 од ДФЕУ, како и насоки за подобрување на истата.
Клучни зборови: Лисабон, миграција, член 79, слободно движење, контрола

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 30 Aug 2022 10:59
Last Modified: 30 Aug 2022 10:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30154

Actions (login required)

View Item View Item