Современи теории во меѓународниот туризам

Koteski, Cane (2022) Современи теории во меѓународниот туризам. Faculty of Tourism and Bussiness Logistics Goce Delchev University of Shtip. ISBN 978-608-244-888-6

[thumbnail of СОВРЕМЕНИ ТЕОРИИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРИЗАМ.pdf] Text
СОВРЕМЕНИ ТЕОРИИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРИЗАМ.pdf

Download (1MB)

Abstract

Современите теории во меѓународниот туризам се едни од водечките научни области во современиот туризам и воопшто во туристичката индустрија. Токму поради тоа, авторот на учебникот „Современи теории во меѓународниот туризам“, прави обид да им ја олесни подготовката на испитот на студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, односно за студентите од трет циклус од студиската програма по Туризам и угостителство, како задолжителен предмет и да им ги презентира главните прашања на современите теории во меѓународниот туризам или современиот туризам. Учебникот „Современи теории во меѓународниот туризам“, се занимава со проучување на сите основни аспекти на теоријата и праксата од современиот туризам што треба да ги научат студентите по Туризам и угостителство за глобалната животна средина, карактеристиките на меѓународниот туризам, современите тенденции на туризмот, глобализацијата на туризмот и културата како предизвици на XXI – век, културната разновидност, културните теории и практики во современиот туризам, културните разлики во светот, културното влијание на етничките групи на народите во светот, современите теории во меѓународниот туризам и туристичкото однесување на народите, човековото однесување, однесувањето на потрошувачите при купувањето на разни дестинации, меѓукултурните споредби на народите во светот, мултикултурните компетенции на народите во светот, карактеристиките на меѓународниот туризам во светот по региони и влијанието и значењето на современиот туризам во меѓународната размена. Овој учебник располага со детални информации за туристичките принципи, политики и практики кои ќе се покажат како суштинска алатка за подготовка и учење на испитот за сите оние кои се занимаваат со научно истражувачка дејност во кој било сектор на туризмот. Исто така, учебникот е наменет за сите студенти од другите факултети од прв, втор и трет циклус на студии како и за пошироката јавност, односно за сите лица кои работат и ја проучуваат областа на туризмот и угостителството и сакаат да добијат повеќе научни сознанија за „Современите теории во меѓународниот туризам“, или современиот туризам.
Учебникот е изработен во девет глави.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 24 Aug 2022 08:20
Last Modified: 24 Aug 2022 08:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30118

Actions (login required)

View Item View Item