Евалуација на ефектите од човечкиот капитал врз економскиот раст со фокус на транзициска економија

Serafimovikj, Gordana (2022) Евалуација на ефектите од човечкиот капитал врз економскиот раст со фокус на транзициска економија. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

[thumbnail of Докторски труд - Гордана Серафимовиќ 13.05.2022.pdf] Text
Докторски труд - Гордана Серафимовиќ 13.05.2022.pdf

Download (2MB)

Abstract

Целта на оваа докторска дисертација е да се испита влијанието на човечкиот капитал врз економскиот раст во случајот на Република Македонија и, исто така, да направи компаративна анализа со другите земји во Западен Балкан. Очигледно е дека човечкиот капитал е клучен за економскиот раст. Истражувањето на влијанието на човечкиот капитал врз растот може да донесе вредни информации за креаторите на политиката за да ги потврдат своите стратегии за развој и да ги стимулираат факторите што водат до економски раст. Трудот има за цел да ги испита односите помеѓу човечкиот капитал и економскиот раст во македонската економија преку анализа на корелациите помеѓу статистичките варијабли што го мерат човечкиот капитал и економскиот раст. Во согласност со овој аргумент е поставена и главната хипотеза на ова истражување.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elenica Sofijanova
Date Deposited: 18 Aug 2022 07:01
Last Modified: 18 Aug 2022 07:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30102

Actions (login required)

View Item View Item