Глобалните стопански текови и информационите технологии - водечки сили за ефикасно управување со маркетинг каналите

Arsova, Monika (2022) Глобалните стопански текови и информационите технологии - водечки сили за ефикасно управување со маркетинг каналите. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

[thumbnail of ДИСЕРТАЦИЈА - АРСОВА МОНИКА.pdf] Text
ДИСЕРТАЦИЈА - АРСОВА МОНИКА.pdf

Download (2MB)

Abstract

Главна и суштинска цел на маркетинг каналите е поврзување на производителот со потрошувачите, односно суштината на нивното постоење е овозможување на потрошувачите да го добијат производот. Нивното работење е распространето во повеќе области карактеризирани со различна природа, па оттаму промените од различен тип може да имаат влијание врз нив. Вклученоста на повеќе организации и членови во рамки на каналот, укажува дека работата на секоја од тие алки има влијание и реперкусии врз целиот канал. Промените за кои најчесто се споменува, а имаат особено важно влијание на маркетинг каналите се оние што ги предизвикува информационата технологија. Важноста на информацијата по должината на маркетинг каналите има најважна улога и овозможува беспрекорно функционирање на маркетинг каналот. На крајот од должината на успешен маркетинг каналот се пресретнува задоволен потрошувач.
Информацијата како најважен ресурс за фунционирање на маркетинг каналите, поддржана од глобализациските трендови на светско ниво, заеднички предизвикуваат промени во текот на маркетинг каналите. Станува збор за технички, организациски, структурни промени во каналите кои се случуваат на секојдневно ниво.
Промените предизвикани од информационата технологија, заеднички со другите глобализациски трендови, влијаат на управувањето (менаџирањето) на маркетинг каналите. Таквиот начин на работа помага во голема мера да се направат заштеди од аспект на времето, финансиските средства и со тоа да се остварат поголеми профити и да се репродуцираат задоволни и лојални потрошувачи. Најважно од сè претставува влијанието врз вредноста на крајниот производ, односно аутпутот кој ќе се добие да има поголема вредност за крајниот потрошувач.
Клучни зборови: маркетинг канали, логистички системи, управување со синџирот на набавка, маркетинг комуникакации

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Prof.d-r Riste Temjanovski
Date Deposited: 18 Aug 2022 07:01
Last Modified: 18 Aug 2022 07:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30101

Actions (login required)

View Item View Item