Цитокини- добри, лоши, смртоносни

Velickova, Nevenka (2022) Цитокини- добри, лоши, смртоносни. In: Лабараториската дијагностика -клучен фактор за навремено дијагностицирање на пост Covid-синдромот, 29 Apr - 01 May 2022, Ohrid.

[thumbnail of Velickova_prezentacija.pdf] Text
Velickova_prezentacija.pdf

Download (3MB)
[thumbnail of programa.pdf] Text
programa.pdf

Download (307kB)

Abstract

Имуните клетки помеѓу себе комуницираат преку специфични протеини наречени цитокини. Овие протеински молекули со мала молекуларна маса дејствуваат преку сложени интеракции помеѓу различни видови на имуни клетки. Истите можат да бидат растворени во меѓуклеточната течност или да бидат врзани за мембраната на самите клетки. Постојат различни видови на цитокини: хемокини, интерферони (INF), интерлеукини, лимфокини, тумор некротичен фактор (ТNF-алфа, бета или гама) итн. кои ги создаваат различни видови на имуни клетки како макрофаги, Т лимфоцити, Б лимфоцити, ендотелијални клетки, фибробласти итн. За да ја остварат својата имуна функција, како и другите протеински ,,гласници”, тие треба да се ,,врзат” за специфични рецептори на другите имуни клетките, наречени цитокин-рецептори. Најбитни карактеристики на цитокините се способноста за плејотропизам, синергетскиот и антагонистички ефект и различeн афинитет кон одреден специфичен рецептор. Можат да имаат про-воспалителна, развојна функција и хематопоетска функција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 03 Feb 2023 09:41
Last Modified: 03 Feb 2023 09:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30069

Actions (login required)

View Item View Item