Koteski, Cane and Petkoski, Gjorgji (2022) Задоволството и незадоволството на посетителите за време на туристичкиот престој. In: Петта меѓународна научна конференција: Предизвиците бо Туризмот и бизнис логистиката во 21 век.
Text
Задоволството и незадоволството на посетителите за време на туристичкиот престој.pdf Download (809kB) |
Abstract
Туристичката мотивација зазема едно од централните места во туризмот. Таа треба да одговори на некои круцијални прашања: зошто луѓето се вклучуваат во туристичките движења? Зошто сакаат да патуваат и да трошат финасиски средства? Зошто на извесно време сакаат да го напуштат местото на постојано живеење и да одат на други, а често пати и непознати места? Која е внатрешната сила што ги мотивира на активност? Со други зборови која е внатрешната и надворешната мотивација на посетителите да се вклучат во туристичките текови и да престојуваат во некое туристичко место и од кој престој ќе бидат задоволни или незадоволни? А тоа е во зависност од тоа дали ги здоволиле своите туристички мотиви т.е. потреби. Република Северна Македонија е земја со богато природно и културно наследство и ги поседува сите предуслови за развој на туризмот. За да се утврди кои од тие поединечни сегменти се водечки во севкупниот туристички производ, потребно е најпрво да се направи нивна анализа. Со тоа ќе се утврди со кои производи Република Северна Македонија може да биде конкурентна на пазарот, но и ќе се одредат и потенцијалните туристички производи кои во иднина треба да се пласираат на пазарот преку туристичката промоција, а со тоа ќе се задоволат потребите на посетителите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cane Koteski |
Date Deposited: | 19 Aug 2022 08:21 |
Last Modified: | 19 Aug 2022 08:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30053 |
Actions (login required)
View Item |