Јуруците- македонските Амиши

Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) Јуруците- македонските Амиши. Зборник на трудови од меѓународната конференција ФИЛКО 2021. ISSN 978-608-244-871-8

[thumbnail of Јуруците - македонските Амиши.pdf] Text
Јуруците - македонските Амиши.pdf

Download (3MB)

Abstract

Во овој труд ќе се обидеме да ги предочиме спецификите на јуручкото население во Македонија, како посебен ентитет, кој повеќе од единаесет века успева да ги задржи најзначајните карактеристики на својот идентитет и култура. Јуруците, по потекло номадско турско население, до денес живеат со една нога во расчекор, секогаш подготвени да поминат на некое друго, за нив посигурно место, каде ќе можат да живеат во склад со својата традиција и своите морални и етички начела. Затоа, не е за изненадување што голем број Јуруци од штипските, радовишките, струмичките, валандовските и дојранските села се враќаат кон својата прататковина-Турција.Јуруците, освен Абориџините во Австралија и Амишите во Америка, се најверојатно единствените народи кои својата култура ја чуваат негибната со векови, иако во нивна непосредна околина светот се менува под влијание на технолошките и цивилизациските текови.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 09 Aug 2022 11:13
Last Modified: 09 Aug 2022 11:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29967

Actions (login required)

View Item View Item