Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta (2022) Претприемништво во услови на Kовид пандемија: нови практики, стратегии и политики. Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век : Зборник на трудови, 5 (1). pp. 58-65. ISSN 978-608-244-891-6
Text
ISCTBL 2022.pdf Download (944kB) |
Abstract
Со појавата на вирусот Ковид-19 и пандемијата на светско ниво се предизвикаа значителни промени во севкупниот живот и работа на луѓето и претпријатијата. Мерките за oграничувањата на движењето на луѓето заради безбедносни причини, заштита на личното здравје и ширење на вирусот, од своја страна предизвикаа и ограничувања и рестрикции во работата на претпријатијата. Во услови на ограничено движење и опасност од заразно заболување, можностите за работа станаа ограничени, па голем број претпријатијата и прекинаа со работа. Токму, лошите услови во окружувањето, неизвесноста и секојдневните промени предизвикани од пандемијата, ги поттикнаа претприемачите да имплементираат нови практики во работењето. Новите практики кои ги применуваат претприемачите се поврзани со зголемениот степен на примена на дигитализацијата во работењето на претпријатијата, практикување на работа од дома за
работата која може да се извршува од далечина, креирање на онлајн работни состаноци за потребите на компаниите, воведување на интернет продажба и практикување на
придобивките од примена на социјалните медиуми во процесот на комуникација и промоција. Поради тоа, предметот на истражување во овој труд се фокусира кон согледување на видот на промените во организацијата на работата и практиките кои ги применуваат претприемачите за да се прилагодат на новонастаната состојба предизвикана
од Ковид-19 пандемијата. Во заклучокот од трудот ќе бидат презентирани согледувања и препораки за потребата од примена на современо претприемништво во работата на компаниите, преку имплементирање на нови потфати и стратегии во работата на претприемачите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Technology |
Depositing User: | Aneta Stojanovska |
Date Deposited: | 09 Aug 2022 10:57 |
Last Modified: | 09 Aug 2022 10:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29953 |
Actions (login required)
View Item |