Mladenoski, Ranko (2022) Низ лавиринтите на книжевното писмо. Македоника литера, Скопје, Македонија. ISBN 978-608-252-175-6
Text
Mladenoski Niz lavirintite na knizevnoto pismo R.pdf Download (1MB) |
Abstract
Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, со исклучок на две компаративни студии во кои се зборува и за еден руски (Михаил Булгаков) и за еден хрватски автор (Стјепан Томаш), како и на два осврти за книги на Горан Калоѓера и на Етгар Керет. Имено, книгата е составена од анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес и кај книжевната критика, но и кај поширокиот аудиториум. Во таа смисла, меѓу кориците на оваа книга се сместени трудови што се посветени на наши познати, веќе докажани и признати автори како што се Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Петре Бакевски, Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, но застапени се и текстови во кои станува збор и за автори од помладите генерации во македонската книжевна продукција како, на пример, Славчо Ковилоски, Игор Станојоски и Елена Пренџова. Книгата содржи и неколку трудови коишто претставуваат еманација на книжевните врски на македонската културна средина со други национални книжевности и култури, а во кои се интерпретираат книжевни и книжевно-научни дела на неколку автори – Михаил Булгаков, Горан Калоѓера, Стјепан Томаш и Етгар Керет.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 11 Jul 2022 08:05 |
Last Modified: | 11 Jul 2022 08:05 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29941 |
Actions (login required)
View Item |