Основи на геогебра – примена во наставата и пракса, скрипта

Karamazova Gelova, Elena and Krstev, Aleksandar (2022) Основи на геогебра – примена во наставата и пракса, скрипта. ISBN 978-608-244-883-1.

Full text not available from this repository.

Abstract

Скриптата Основи на геогебра – примена во наставата и пракса е наменета за користење
по предметот ИКТ во наставата по математика кој се изучува во четврта година на
студиската програма Математика - наставна на Факултет за информатика при
универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Но, покрај по наведениот предмет може да се
користи како учебно помагало и по многу математички предмети кои се изучуваат на
останатите студиски програми на Факултет за информатика и другите технички факултети.
Учебното помагало дава објаснување како софтверот геогебра да се користи при учење
математика. Со користењето на софтверот сакаме да ги истакнеме придобивките од
примената на ИКТ во наставата по математика. Придобивките се однесуваат на побрзо и
полесно доаѓање до резултатот, проверка на резултатот, прецизност и точност, самостојно
учење и решавање дома, учење со индивидуално темпо итн. Учебното помагало содржи
решени примери претставени во геогебра од повеќе математички теми.
За оформувањето на ова учебно помагало посебна заслуга имаат и рецензентите
проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска, редовен професор на Факултет за информатика
при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и проф. д-р Зоран Трифунов редовен
професор на Факултет за технички науки при Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, кои со
своите сугестии и забелешки придонесоа во подобрувањето на квалитетот на ракописот,
за што им искажуваме посебна благодарност.
Се надеваме дека учебното помагало ќе биде многу корисно за студентите на студиската
програма Математика - наставна на Факултет за информатика, но и за студентите на
останатите насоки на Факултет за информатика. Очекуваме дека скриптата ќе ја користат
и студентите на другите технички факултети.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Elena Karamazova Gelova
Date Deposited: 24 Jun 2022 08:25
Last Modified: 24 Jun 2022 08:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29890

Actions (login required)

View Item View Item