Atanasova-Pacemska, Tatjana and Trifunov, Zoran and Karamazova Gelova, Elena and Krstev, Aleksandar (2022) Основи на геогебра – примена во наставата и пракса, практикум. ISBN 978-608-244-882-4.
Full text not available from this repository.Abstract
Практикумот Основи на геогебра – примена во наставата и пракса е наменета за користење по предметот ИКТ во наставата по математика кој се изучува во четврта година на студиската програма Математика - наставна на Факултет за информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Но, покрај по наведениот предмет, може да се користи како учебно помагало по многу математички предмети кои се изучуваат на сите
студиски програми на техничките факултети.
Учебното помагало дава објаснување како софтверот геогебра да се користи при учење математика. Со користењето на софтверот сакаме да ги истакнеме придобивките од
реализирање компјутеризирана настава т.е. да ја нагласиме важноста на примената на ИКТ во наставата по математика. Придобивките се однесуваат на побрзо и полесно
доаѓање до резултатот, проверка на резултатот, прецизност и точност, самостојно учење и решавање дома, учење со индивидуално темпо итн. Учебното помагало содржи
решени примери претставени во геогебра од повеќе математички теми кои се изучуваат по математичките предмети на сите насоки на Факултетот за информатика, но и на
останатите технички факултети.
За оформувањето на ова учебно помагало посебна заслуга имаат и рецензентите проф. д-р Владо Гичев, редовен професор на Факултет за информатика при Универзитет
„Гоце Делчев“ – Штип и проф. д-р Наташа Коцеска, редовен професор на Факултет за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кои со своите сугестии и забелешки придонесоа во подобрувањето на квалитетот на ракописот, за што им искажуваме посебна благодарност.
Се надеваме дека учебното помагало ќе биде многу корисно за студентите на студиската програма Математика - наставна на Факултет за информатика, но и за студентите на останатите насоки на Факултет за информатика. Очекуваме дека
практикумот ќе го користат и студентите на другите технички факултети.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Matematics |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Elena Karamazova Gelova |
Date Deposited: | 24 Jun 2022 08:22 |
Last Modified: | 24 Jun 2022 08:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29889 |
Actions (login required)
View Item |