Doneva, Nada (2020) Феноменолошки аспекти на внатрешна трговија со луѓе во Република Северна Македонија. Правен дијалог (21). pp. 80-90. ISSN 1857-7644
Text
Правен дијалог.pdf Download (420kB) |
Abstract
Сестраниот процвет на современото општество во сите сфери на живеење, најсилно изразен преку научниот, техничкиот и технолошкиот развој, како и сѐ понагласената афирмација на гаранцијата на остварување на човековите слободи и права, глобализацијата на општеството, концептот за правната држава и владеењето на правото, генерираа нов облик на криминалитет кој го потресува општеството - тргување со лица. Тргувањето со луѓе претставува сериозна повреда на фундаменталните човекови права и силен антифронт на човековиот дигнитет. Криминалитетот чиј објект се луѓе, кои стекнуваат епитет „бело робје“, не е непознат, но постојано се пројавува во нови форми и облици, преку кои секогаш наоѓа модуси како да изгледа легален, најчесто прикривајќи се под легални професии и занимања. Внатрешната трговија со луѓе која беше невидлива подолг временски период, постепено ширејќи го спектарот на трендови на остварување, денес постои насекаде во регионот. Анализата на случувањата на планот на трговија со луѓе на територијата на државата и пошироко, ги потврдува фактите на определување на Република Северна Македонија сѐ повеќе како држава на потекло, а во извесен степен и држава на транзит и дестинација за жртви на трговија со луѓе, каде доминира внатрешната трговија со луѓе, која се остварува врз основа на одредени начини на регрутирање проследени со соодветен облик на експлоатација, како остварена цел на претходно организираните и планирани активности на трговците со луѓе.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | трговија со луѓе, феноменологија, етиологија, трговец со луѓе, тргувана жртва |
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Nada Doneva |
Date Deposited: | 24 Jun 2022 08:17 |
Last Modified: | 24 Jun 2022 08:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29887 |
Actions (login required)
View Item |