Doneva, Nada and Rogleva, Aleksandra (2021) Социјална заштита на жртви на трговија со луѓе - правна и институционална рамка во Република Северна Македонија. In: Осма меѓународна научна конференција “Општествените промени во глобалниот свет”, Sept 2021, Stip.
Text
Социјална заштита на жртви на трговија со луѓе.pdf Download (5MB) |
Abstract
Променетата состојба со трговија со луѓе во Република Северна Македонија, која покрај држава на транзит и дестинација, стана и држава на потекло на жртви на трговија со луѓе, го истакнува фактот дека бројот на домашни жртви, односно жртви на внатрешна трговија со луѓе која се остварува во рамки на државните граници, е во постојан пораст. Заложбите на државата за спречување на процесите на тргување со лица на нејзина територија, како и обезбедување достоинствен живот на жртвите по извлекување од овие процеси, несомнено вклучуваат потреба од систематизација на активностите за помош и поддршка при реинтеграција на конкретна жртва преку соодветен институционален одговор и достапност на заштитни механизми за сите кои имаат потреба од нив откако се идентификувани како жртви на акт на трговија со луѓе. Социјалната заштита на тргувани жртви е дел од сетот мерки на помош и поддршка што им се достапни на лицата кои процесите на тргување со луѓе на територија на државата, ги профилирале како жртви на истите. Имено, преку вонинституционални и институционални облици на социјална заштита и подигање на свеста на населението за потребите од нејзино обезбедување, Законот за социјална заштита предвидува остварување на социјална заштита и за лицата жртви на трговија со луѓе, особено за децата - жртви, како и за децата на улица.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | жртви на трговија со луѓе, социјална заштита, експлоатација, правна рамка, институционална структура |
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Nada Doneva |
Date Deposited: | 22 Jun 2022 13:21 |
Last Modified: | 22 Jun 2022 13:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29884 |
Actions (login required)
View Item |