Doneva, Nada (2013) Улогата на судот во казнената постапка според одредбите на новиот Закон за кривична постапка на Република Македонија. In: Прва меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 20-21 Dec 2013, Skopje.
Text
Улогата на судот.pdf Download (1MB) |
Abstract
Новоконципираниот систем на казнено - процесно право, изразен преку одредбите на новиот Закон за кривична постапка на Република Македонија, е резултат на темелно истражување и проучување на домашното, споредбеното и меѓународното право и правна практика. Темелни реформи кои ќе воспостават и обезбедат ефикасна борба и спречување на криминалот и заштита на човековите слободи и права во рамки на една демократска и правна држава, се основен постулат од кој се поаѓа при започнувањето на еден сеопфатен проект за реформа на целоукпното казнено - процесно законодавство и право на државата. Самостојноста и независноста на судот како еден од органите на власт, претставува материјален критериум и суштина на остварувањето на судската функција, кој зависи како од нејзината уставна и правна рамка, така и од вредносните стојалишта, знаењето и моралниот интегритет на судиите. Целосното напуштање на судскиот патернализам, заснован врз традиционалните сфаќања дека судот може успешно и непристрасно да ја утврди материјалната вистина, притоа водејќи сметка за интересот на државата за ефикасност и за правата на обвинетиот, е основна одлика на реформата на казненaта постапка на Република Македонија. Ова подразбира коренита измена на типот на постапката, која од комбиниран тип на постапка, добива акузаторни карактеристики, кои подразбираат нови улоги на главните субјекти во неа. При толкување на одредбите кои ја уредуваат новата казнена постапка на Република Македонија, содржани во сосема ново - конципираниот Закон за кривична постапка од 2010 година, може да се согледа основната определба за реформа на процесното законодавство, а тоа е модернизација на казнената постапка во дослух со процесните законодавства на европските држави и јакнење на ефикасноста на казнено - процесниот систем, особено при гонењето на облиците на тежок криминал. Редефинирањето на улогата и функцијата на субјектите на казнената постапка е во насока на одземање на епитетот неефикасно казнено правосудство, притоа дефинирајќи ги и потенцирајќи ги приоритетите во водење на казнената постапка.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Закон за кривична постапка, Суд, Судски патернализам, Процедурална правичност, Материјална вистина |
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Nada Doneva |
Date Deposited: | 22 Jun 2022 13:20 |
Last Modified: | 22 Jun 2022 13:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29883 |
Actions (login required)
View Item |