Евтаназија

Doneva, Nada (2013) Евтаназија. In: Прва меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 20-21 Dec 2013, Skopje.

[thumbnail of Евтаназија.pdf] Text
Евтаназија.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

За законодавството на една држава е особено значајно да ги уредува сите животни ситуации, односно да не постојат правни празнини, кои најчесто се пополнуваат со искуства од практиката. Како хипотеза од која се поаѓа при истражувањето, се определува оправданоста на извршување на акт на евтаназија единствено кога ќе биде зачувана нејзината суштина - усмртување од хумани побуди. Основен аргумент со кој се поткрепува вака поставената хипотеза е фактот дека кон извршување на евтаназија се пристапува и од нехумани побуди. Инкриминирањето на евтаназијата во казненото законодавство претставува застрашување и генерална превенција во однос на оние кои ќе посегнат по туѓ живот од нехумани и неблагородни побуди. Евтаназијата е постапка на прекинување на човечки живот на безболен начин, со цел олеснување на болките и мачењето на болното лице кога шансите за подобрување на неговата здравствена состојба се минимални или не постојат. Вака дефинирана, евтаназијата треба да остане инкриминирана, а потребата да се спушти долната граница на казнување на сторителот на делото, се јавува како неминовна. Во однос на регулирањето на правниот статус на евтаназијата, казненото законодавство на Република Македонија е чекор напред од оние законодавства каде евтаназијата се изедначува со основниот облик на убиство, бидејќи го сместува ова казнено дело во делот на привилегирани убиства. Оној кој врши убиство од благородни побуди, односно од сожалување, милост, не заслужува иста строгост при казнувањето како извршителот на основното дело на убиство.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Убиство од благородни побуди, Казнено дело, Кривичен законик на РМ, Декриминализација, Евгеника
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Nada Doneva
Date Deposited: 22 Jun 2022 06:41
Last Modified: 22 Jun 2022 06:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29874

Actions (login required)

View Item View Item