Stavreva Veselinovska, Snezana and Koleva Gudeva, Liljana (2009) Cтекнување на компетентност на наставникот кој предава предмети од природните науки. Воспитание, 2009 (09). pp. 101-109. ISSN 2009
Preview |
Text
Vospitanie 2009.pdf Download (799kB) | Preview |
Abstract
Во трудот се претставени некои појдовни точки за нужните компетенции на наставниците, посебно компетентноста на наставникот кој предава предмети од природните науки, сè со цел за подобрување на педагошките програми во согласност со Болоњскиот процес. Компетентност на наставникот се неговите способности, знаења, умешности, вештини и квалификации, потребни за реализација на целите на предметот што го предава. Во колкава мера сегашното образование на наставниците придонесува за стекнување на компетентноста на идните наставници кои ќе предаваат предмети или одредени содржини од природните науки, како што се: биологија, физика, хемија? При формирањето на современите универзитетски студиски програми е потребно за секое поединечно подрачје да се дефинираат специфични компетенции, коишто студентите треба да ги стекнат во текот на студиите. Затоа, во трудот се претставени специфичните компетенции кои наставниците би можеле да ги стекнат преку изучување на студиски програми од природните науки со примена на информатички и комуникациски технологии.
Клучни зборови: компетентност, наставник, студиски програми, природни науки
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Liljana Koleva Gudeva |
Date Deposited: | 04 Dec 2012 08:10 |
Last Modified: | 04 Dec 2012 08:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/2987 |
Actions (login required)
View Item |