Анализа на кардиоспецифичните ензими кај пациентите со коронарна артериска болест

Mandak, Zehrija (2022) Анализа на кардиоспецифичните ензими кај пациентите со коронарна артериска болест. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of лекториран специјалистички труд.pdf] Text
лекториран специјалистички труд.pdf

Download (1MB)

Abstract

Акутниот коронарен синдром (АКС) е најчеста причина за прием во
коронарната интензивна единица. Од вкупниот број на хоспитализирани
пациенти евидентирано е дека околу 70% отпаѓаат на пациенти со АКС. И покрај
современите дијагностички методи и третман, станува збор за болест со
највисок ризик од смрт и неповолни исходи, особено доколку не се делува
медицински правилно и навремено. Постоечките упатства од Американскиот
колеџ за кардиологија на Американската здравствена организација даваат
практични препораки за проценка на ризик кај кардиоваскуларни настани кај
општата популација и груба проценка на индивидуалниот ризик. Затоа се
поставуваат големи очекувања во идентификацијата и развојот на нови
биомаркери за предвидување на кардиоваскуларен ризик. Повеќе од 60 години
се користени срцеви биомаркери за дијагноза на акутен миокарден инфаркт
(АМИ).
Покачувањето на аспартат трансаминаза (АСТ) кај пациенти со акутен
миокарден инфаркт првпат било пријавено од научникот Камен Ет Ал во 1954
год. и тој е првиот срцев биомаркер употребен во клиничка пракса. Но, поради
недостаток на специфичноста за миокардна исхемија, АСТ има ограничена
употреба како срцев биомаркер. Подоцна биле откриени и биомаркерите
креатенин киназа (ЦК) и лактат дехидрогеназа (ЛДХ), кои се покажаа дека се
посензитивни и специфични од АСТ. Сепак, специфичноста останала
проблематична, особено за пациенти со мускулни заболувања и заболувања на
црниот дроб. Следен откриен биомаркер бил ЦК-МБ, идентификуван како
молекул кој има висока дијагностичка точност. За жал, сите погоре спомнати
биомаркери не се специфични за дијагноза на акутен миокарден инфаркт
(АМИ).
Помеѓу различните срцеви биомаркери, кардиоспецифичниот тропонин и
натриуретик пептид обезбедуваат најкорисно предвидувачка информација,
5
правејќи ги многу корисни во ризик спецификацијата и дијагнозата за акутен
коронарен синдром, како што е наведено во постоечките упатства. Универзална
дефиниција за миокарден инфаркт бара откривање на пораст или пад на цТн
(целни тропонин) вредности со најмалку една вредност над 99-та процентил од
горната референтна граница. Неколку клинички студии и состојби на мета�анализа наведуваат дека високото ниво на цТн може да се користи како
дијагностичка алатка и како независен прогностички маркер.
Клучни зборови: акутен миокарден инфаркт (АМИ), аспартат
трансаминаза (АСТ), креатинин киназа (ЦК), лактат дехидрогеназа (ЛДХ

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 20 Jun 2022 08:26
Last Modified: 20 Jun 2022 08:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29846

Actions (login required)

View Item View Item