Krsteva, Viktorija (2022) Современите методи за пресметка на трошоците како основа за подобрување на конкурентската предност на компаниите. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
Лекторирано, magisterski-trud-viktorija-krsteva-ugd.pdf Download (1MB) |
Abstract
Управувањето со трошоците значи нивно рационално намалување со
цел зголемување на профитабилноста на компаниите. Ефикасното управување
со трошоците овозможува реализација на поставените цели на работењето и
остварување конкурентска предност на компаниите на пазарот. Ова, всушност,
значи поефикасна употреба на расположливите ресурси и строга контрола на
трошоците, преку намалување на активностите, што резултираат со високи
трошоци. Покрај наведената основна цел, можат да бидат издвоени уште две
цели, а тоа се: остварување на глобална конкурентност на компаниите на
пазарот и континуирано подобрување на бизнисот. Врз основа на овие цели,
управувањето со трошоците се дефинира како „филозофија, став и низа
техники насочени кон создавање поголема вредност по пониска цена“.
Поради интензивните промени во технологијата и пазарните услови,
традиционалните сметководствени системи за пресметка на трошоците
станале несоодветни. Тие се појавиле во време кога многу компании имале
мал обем на производство, а директната работна сила и материјалите биле
главните трошоци на производството. Денес, ситуацијата е значително
променета. Компаниите произведуваат во голем обем, директната работна
сила има мал удел во вкупните трошоци, а оперативните трошоци се
зголемуваат. Едноставните или произволни постапки за распределување на
трошоците веќе се несоодветни, поради зголемениот интерес на менаџментот
на компаниите за точни и прецизни информации за трошоците, со цел
остварување на поголема конкурентност на пазарот и со тоа повисоко ниво на
профитабилност.
Во обид за поефикасно управување со трошоците, развиени се бројни
современи методи за нивна пресметка, со што се овозможува донесување на
оптимални деловни одлуки од страна на менаџментот на компаниите и
зголемување на успешноста во работењето.
Клучни зборови: трошоци, управување, пресметка, методи, одлучување
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 20 Jun 2022 08:26 |
Last Modified: | 20 Jun 2022 08:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29845 |
Actions (login required)
View Item |