Основи на програмирање во Јава

Ackoski, Jugoslav (2022) Основи на програмирање во Јава. Military Academy, Skopje. ISBN 978-9989-134-15-9

[thumbnail of REPOSITORIUM_Основи на програмирање во ЈАВА.pdf] Text
REPOSITORIUM_Основи на програмирање во ЈАВА.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

ПРЕДГОВОР

Учебникот со наслов Основи на програмирање во ЈАВА настана како резултат на реализацијата на предавањата и вежбите по предметите: 1) Информатика, 2) Информатика и дигитални комуникации, 3) Техники на визуелно програмрамирање, 4) Веб апликативен софтвер, 5) Квалитет и тестирање и на софтвер и 6) Податочни структури и алгоритми. Наведените предмети во подолг период се реализирани на следните високообразовни институции: Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ - Скопје и Факултетот за информатика при Европскиот универзитет - Скопје.
Програмскиот пакет ECLIPSE е користен во сите наведени предмети како основна алатка за реализација на вежбите, при што се реализирани голем број примери кои се содржани во овој учебник. Меѓутоа, основата на учебникот ја чинат содржини кои се содржани во програмите за предметот информатика.
Изучувањето на предметот Информатика е од суштинско значење за студентите кои следат настава од областите на компјутерското и военото инженерство. Софтверските програми имаат широк спектар апликации во рамките на наведените области, од управување на авиони, ракети, беспилотни летала и возила до управување на роботи и процеси. Од друга страна, како релативно нови наставно-научни дисциплини, особено во нашата земја, не се соодветно застапени во високото образование и не се поддржани со соодветна литература на македонски јазик. Ова и беше мотивот да се изработи овој учебник кој на прикладен начин на студентите ќе им ја приближи оваа материја и ќе им го олесни изучувањето на овие и на други сродни дисциплини.
Материјалот во учебникот е поделен на дванаесет поглавја, не сметајќи ги прилозите.
Учебникот е наменет за студентите на Воената академија како наставен материјал по предметите Информатика и други сродни предмети. Може да го користат и студентите на цивилните инженерски факултети.

Скопје, 2022
Авторот

Item Type: Book
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Military Academy
Depositing User: Jugoslav Ackoski
Date Deposited: 17 Jun 2022 07:09
Last Modified: 17 Jun 2022 07:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29820

Actions (login required)

View Item View Item