Светлината и Темнината во романот „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска

Denkova, Jovanka (2022) Светлината и Темнината во романот „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска. Детињство, 48 (2). pp. 34-42. ISSN 0350-5286

[thumbnail of zdi-2022.pdf] Text
zdi-2022.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во оваа статија се осврнуваме кон фантастичниот роман „Светлината на Сатурната“ од современата македонска авторка Кристина Димовска. Се работи за фантастичен роман, кој е дотолку поинтересен, затоа што се работи за роман кој можеме да го подведеме под жанрот 'епска фантастика за млади'. Романот е значаен и затоа што овој поджанр е редок во македонската книжевност за деца и млади, но радува фактот што сѐ повеќе писатели во Македонија се свртуваат кон него, свесни за интересот на младите читатели. Инаку, во статијата, најпрвин се осврнуваме кон дефинирање на жанрот фантастика и неговиот поджанр епска фантастика и следејќи ги светски познатите искажувања за него, ќе се обидеме да ги издвоиме/препознаеме неговите елементи во романот на Кристина Димовска. Сето тоа ќе резултира со поставување/дефинирање на оската 'светлина-темнина' во романот и нивните импликации врз дејството/ликовите, за на крај да се воспостави знак на корелација и со Јунговскиот архетип на сенката.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 07 Jun 2022 06:59
Last Modified: 07 Jun 2022 06:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29806

Actions (login required)

View Item View Item