Bujar, Adili (2022) Интеркултурните компетенции на наставникот во основното училиште. Doctoral thesis, University Gohe Delcev - Stip.
Text
Doktorski trud Bujar Adili - Final.pdf Download (5MB) |
Abstract
Интеркултурната компетенција е многу важна димензија на подготвеноста на наставникот за поучувањето на новите генерации во мултикултурните средини. Ова истражување ја испитуваше проблематиката на интекултурните компетенции на наставникот во основното училиште. Истражувањето имаше цел да го утврди нивото на интеркултурна компетенција на наставниците во основното училиште и утврдувањето на разликите меѓу нивото на интеркултурна компетенција кај наставниците кои работат во мултикултурни училишта и на тие кои работат во монокултурни училишта. За собирање на податоците се искористи анкетен прашалник и Индекс на интеркултурната Осетливост (ISI). Истражувањето се спроведе на примерок од 217 наставници од основни училишта во регионот на Тетово, Скопје, Кичево, Гостивар и Струга, во Република Македонија. Обработката на податоците се изврши со помош на Статистичкиот пакет за општествени науки (SPSS v. 25) и Office 365. Истражувањето има теориско-емпириски карактер. Тоа е оперативно – применето и трансверзално. Во истражувањето е користен аналитичко-дескриптивниот метод . Резултатите на истражувањето покажаа дека нивото на интеркултурната компетенција на наставниците од основното училиште е средно. Наставниците кои работат во мултикултурни училишта покажуваат повисоко ниво на интеркултурна компетенција во споредба со тие кои работат во монокултурни училишта. Истражувањето откри дека културната структура на училиштето влијае врз нивото на интеркултурната компетенција на наставниците во димензијата на материјалното знањење, перцептивното разбирање и интеркултурната комуникација. Резултатите на истражувањето открија дека наставниците, во стадиумот на етноцентризам на Развојниот модел на интеркултурна осетливост се позиционирани во фазата на минимизирањето додека во стадиумот на етнорелативизмот на РМИО се позиционирани во фазата на прифаќањето. Наставниците имаат потреба од поддршка од стручните служби во работата со културно различните ученици и потреба за стручно усовршување во подрачјето на интеркултурното образование.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | interculture, education, student, multicultural classroom |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Sonja Petrovska |
Date Deposited: | 03 Jun 2022 07:16 |
Last Modified: | 03 Jun 2022 07:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29783 |
Actions (login required)
View Item |