Coneva, Ana and Velickova, Nevenka and Taleski, Vaso (2022) Микроорганизмите како објекти за испитување на генотоксичност со примена на Aмесов тест. Knowledge – International Journal, 51 (4). pp. 621-626. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (Online)
Text
MICROORGANISMS+AS+OBJECTS+FOR+EXAMINATION+GENOTOXICITY+WITH+THE+USE+OF+AMES+TEST.pdf - Published Version Download (630kB) |
Abstract
Амесов тест или анализа на реверзибилна мутација на Salmonella typhimurium е тест за идентификација или детекција (скрининг) на субстанции што предизвикуваат генотоксичност или имаат мутагено дејство кај бактериските клетки како краен објект. Станува збор за општо прифатен тест од СЗО кој се користи за потврдување на генотоксичноста на различни хемиски и физички агенси, лекови, адитиви, конзерванси кои се користат во различни технолошки или индустриски гранки. Амесовиот тест е еден од најчесто применуваните тестови во токсикологијата, генетиката, микробиологијата, хистологијата и други гранки или научни дисциплини. Амесовиот тест е именуван по истражувачот или човек што прв го применил во пракса, Bruce N. Ames, од Универзитетот во Калифорнија. Цел на овој труд сакаме да ја потенцираме важноста и значењето на Амесовиот тест и примената на микроорганизмите како објекти за потврдување на генотоксичност во организмот. Во истиот направен е историски преглед на развојот и усовршувањето на Амесовиот тест, неговите предности и недостатоци, детално се објаснети процедурата и изведувањето на тестот, етапно се објаснети сите промени во Salmonella typhimurium кои се резултат на одредена генотоксичност во организмот, направена е споредба на Амесовиот тест со останатите in vivo и in vitro тестови за генотоксичност и евалуиран е ревијален преглед на неколку студии кои го користеле истиот тест.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 25 May 2022 07:39 |
Last Modified: | 25 May 2022 07:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29767 |
Actions (login required)
View Item |