Sazdova, Viktorija and Ivanovska, Biljana (2021) Јазичните единици со позитивен емоционален признак во јазичниот пар германско-македонски. In: Зборник на трудови. Шеста меѓународна конференција ФИЛКО филологија, култура и образование, стр. 299-307, УГД, Штип, Р. С. Македонија.
Text
ФИЛКО3.pdf Download (3MB) |
Abstract
Целта на овој труд е да се прикаже емоционално-јазичната врска, можностите за изразување на емоција преку јазичниот знак, на кој начин субјективната карактеристика на емоциите може да ја промени објективноста во јазикот и дали позитивно или негативно вреднуваната именка која означува емоција ја менува вредноста во одреден контекст. Прашањата за тоа на кои сè начини може да се изрази една емоција со помош
на јазикот, колку емоциите можат да го променат контекстот на пишаниот збор и каква промена може да претрпи значењето на емоцијата врз основа на информацијата која се споделува и употребата на јазичните знаци, остануваат отворени и нудат можност за натамошни истражувања. Јазикот и емоциите се наоѓаат во нераскинлива поврзаност. Дури и да сакаме емоциите да ги разгледуваме независно од јазикот, а јазикот од емоциите, тоа не е можно без разлика на промените кои ги претрпуваат. Така, јазикот служи да ги опише емоциите, а емоциите да го поттикнат јазикот.
Клучни зборови: јазични единици, значење, позитивни емоции, негативни емоции, дневен печат.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Biljana Ivanovska |
Date Deposited: | 13 May 2022 08:19 |
Last Modified: | 13 May 2022 08:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29681 |
Actions (login required)
View Item |