Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Taleska, Milena and Dzambazovski, Kristijan and Cuculeski, Nikola and Dimovski, Cedomir and Micevski, Mladen (2022) Современи трендови во туризмот и одржливиот развој. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-12-2
Text
Sovremeni trendovi vo turizmot i odrzliviot razvoj.pdf Download (297kB) |
Abstract
Книгата „Современи трендови во туризмот и одржливиот развој“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на современите трендови и тенденции во туризмот и угостителството и одржливиот развој. Материјалот во книгата е поделен во две основни поглавја.
Првиот дел е посветен на современите трендови во туризмот и угостителството, а опфатен е материјалот кој се однесува на меѓународните трендови во туризмот и патувањата, современите тенденции на ресторанската понуда и гастрономијата, трендовите во едукацијата на кадри за туризмот и угостителството и трендовите во хотелиерството. Покрај тоа, се обработуваат трендовите во организацијата на настани и манифестации, трендовите кај туристичките дестинации и Националните организации за туризам, современите трендови кај туристичките агенции и туристичкото водење и трендовите во туристичкиот сообраќај. Исто така, посветено е внимание на пристапен туризам, СМАРТ туризам, активен туризам, вселенски туризам, бекпекер туризам и велнес туризам.
Во вториот дел се обработува материјата поврзана со компоненти на одржливиот развој, поим и историски развој на концептот одржлив развој и одржливиот развој во туризмот и угостителството. Исто така, опфатени се меѓународните практики на одржлив развој во туризмот, како влијанието на туризмот врз животната средина, одржливиот развој во развиените европски земји и светски примери на одржлив развој.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на современите трендови во туризмот и одржливиот развој.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со современите трендови во туризмот и одржливиот развој. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 06 Apr 2022 08:31 |
Last Modified: | 06 Apr 2022 08:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/29647 |
Actions (login required)
View Item |